Еден загинат, 20 повредени при пукање на собир во Вашингтон


Едно момче загина, а најмалку 20 се повредени денеска во инцидент со пукање на собир во Вашингтон, јавуваат американските медиуми.

Како што наведува канал Фокс5, жртвата е 17-годишниот Кристофер Браун, кој починал во болница, додека една полицајка сè уште се бори за  живот.

Инцидентот се случил на собир на кој учесниците подготвувале храна, кога неколку лица почнале да пукаат од огнено оружје.

Полицијата соопшти дека повредени се 21 лице, од кои шест се хоспитализирани.

Шефот на полицијата Питер Њушем изјави дека пукале најмалку три лица.

Собирот не бил пријавен, а присуствувале стотици луѓе.