Москва е подготвена за користење нуклеарно оружје по секој ракетен напад врз руска територија

Русија – Русија може да користи нуклеарно оружје во секој ракетен напад, без оглед на боевата глава на ракетата. Ова стана јасно од публикацијата во изданието на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.

Во написот за политиката на Москва за „нуклеарно одвраќање“, генералштабот на руската армија ги објави за првпат условите под кои Кремљ би можел да користи нуклеарно оружје.

Системот за предупредување за ракетен напад го регистрира реалното лансирање на балистичка ракета, но не може да утврди дали има нуклеарна боева глава. Наведено е дека руската војска има намера да ја третира секој ракета истрелана против руската територија како нуклеарен напад и, соодветно на тоа, како ситуација во која Москва може да користи нуклеарно оружје.

На почетокот на јуни, рускиот претседател Владимир Путин го одобри документот под наслов „Основи на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“. Тој ги истакнува факторите врз основа на кои Кремљ може да одлучи да користи нуклеарно оружје.

Како одговор, НАТО подготви пакет мерки против зголемениот нуклеарен арсенал на Русија.