Битката со Ковид-19 ја загуби Арбен Бајо, еден од најпознатите албански скулптори


Еден од најпознатите албански скулптори и професор на Академијата за уметности во Тирана, Арбен Бајо, денеска ја загуби битката со опасниот коронавирус.

Тој беше хоспитализирн во Инфективната клиника во Тирана а последните денови поставен на респираторна машина.

Вчера негови пријатели,колеги и студенти меѓу кои беше многу ценет, преку социјални мрежи апелираа за донирање крвна плазма од лица кои ја прележале болеста.

Педесет и три годишниот Бајо беше родум од Ѓирокастро, имаше многу самостојни и заеднички изложби со познати скулптори како во Албанја така и во многу држави низ светот.Она што најмногу се забележува во неговите дела се пораките што тој ги пренесува за хуманизмот.

Преку социјалните мрежи од него се простуваат голем број обични граѓани, негови колеги, студенти, но и познати уметници и политичари.

„ Каква тага! Зборовите соочени со смртта немаат моќ. Ова е голема загуба за оние што го познаваа благородното момче, практично и тивко, но и за современата албанска уметност, која денеска го загуби еден од нејзините најперспективни и посветени синови,напиша премиерот Еди Рама,кој и самиот по занимање е скулптор.

Бајо е 194-та жртва од Ковид-19, каде бројот на заразени е 6.275. Во минатиот и почетокот на овој месец бројот на новозаразени во текот на едно деноноќие во просек е над 100 лица.