Претседателската кандидатка во Белорусија избега за време на изборите и се крие


 

Главната кандидатка на опозицијата на денешните белоруски избори за претседател ноќеска го напушти својот стан и замина на непозната локација, јави Хина.

Портпаролите на нејзината кампања соопштија дека побегнала од станот од безбедносни причини, откако полицијата приведе неколку нејзини соработници.

Имено, полицијата во текот на ноќта на кратко ја приведе шефицата на кампањата Марија Колесникова и ја однесе во полициска станица на испитување. Ден порано, приведена беше и друга членка на тимот на кампањата Марија Колесникова.

Светлана Тихановска претходно изјави дека мора своите деца да ги прати во странство затоа што добивала закани дека тие ќе останат сираци, пишува Си-ен-ен.

Лукашенко е сигурен дека ќе победи

„Нема оваа ноќ да ја помине дома и нема да биде сама. Но, ќе остане во градот, не си замина од Минск“, порачаа од кампањата на Тихановскаја.

За потсетување, Белорусите денеска на избори бираат претседател меѓу актуелниот Александер Лукашенко, донеодамна малку познатата професорка по англиски јазик која го презеде ризикот да се натпреварува со човекот кој го нарекува „последен европски диктатор“, и уште тројца други кандидати. Според последните податоци денеска, до 14 часот, 65 отсто од гласачите излегле на избори.

Шеесет и петгодишниот Лукашенко речиси е сигурен дека ќе победи и ќе го освои својот шести последователен мандат, но може да се соочи и со бран демонстрации поради огорченоста на јавноста за начинот на кој се справува со пандемијата од корона вирус, поради состојбите во економијата и кршењето на човековите права.

Тихановска влезе во трката откако нејзиниот сопруг беше затворен

Континуираното сузбивање на опозицијата може да им наштети на обидите на Лукашенко да ги поправи односите со Западот во време на нарушени односи со традиционалниот сојузник Русија, која настојува да ја присили Белорусија на посилен економски и политички сојуз.

Поранениот управител на советската колективна економија, Лукашенко е на власт од 1994 година. Тој се натпреварува со Тихановскаја, која во трката влезе по апсењето на нејзиниот сопруг, блогер кој настојуваше да се кандидира на изборите.

Нејзините масовни собири се меѓу најголемите од падот на Советскиот Сојуз 1991 година. Групите за човекови права рекоа дека во задушувањето на немирите притворени се повеќе од 1.300 луѓе.

Странските набљудувачи проценуваат дека во Белорусија немало слободни и чесни избори веќе четврт век. Покрај забраните на изборната комисија опозицијата да организира алтернативно броење на гласовите, Тихановска ги повика призврзаниците да ги следат изборните места.

„Ние сме мнозинство и не ни треба крв на градските улици“, рече таа во саботата. „Да го одбраниме своето право да бираме заедно“.

Лукашенко ја обвинува опозицијата за соработка со терористи

Портретирајќи се самиот себеси како гарант за стабилност, Лукашено рече дека опзозициските демонстранти се во дослух со странски приврзаници, меѓу кои и група од 33 руски платеници притворени во мај и обвинети за планирање „терористички дела“.

Аналитичарите велат дека нивното притворање може да биде вовед за заострено сузбивање на неистомисленици по изборите.

Лукашенко однапред разјасни дека планира да остане на власт по секоја цена. „Прашањето е каква ќе биде цената“, вели политичкиот аналитичар Александер Класковски.