(Видео)Пожар во зграда во Чешка, луѓето скокаа од прозорци, 11 мртви


 

Најмалку 11 лица загинаа во пожар во станбена зграда во градот Бохумин на североистокот на Чешка, соопшти полицијата.

Меѓу настраданите три се деца.

Пожарот избил на 11-тиот кат на зградат со 13 ката во попладневните часови. Пожарникарите велат дека пет луѓе се обиделе да избегаат од огнот скокајќи од прозорец.

https://youtu.be/A52W7TIRiPk

Еден пожарникар е повреден, соопшти министерот за внатрешни работи Јан Хамачек, пренесе АП.

Причината за пожарот се истражува.