Се повеќе млади заразени со корона вирус во Италија, нови жаришта по враќањето од Хрватска


 

Во Италија повеќе од 50 отсто од заразените со корона вирус се на возраст меѓу 19 и 50 години, а нови жартишта на северот избија откако млади луѓе од Италија се вратиле од летување во Хрватска.

Според податоците на италијанскиот Висот инситут за здравје, со вирусот корона заразени се 12,8 отсто млади кои имаат до 18 години.

По групата од околу 100 млади од Венето и Ломбардија, од кои 21 се заразени по враќањето од Хрватска, каде биле на матурска екскурзија, слични извештаи стигнуваат и од Тоскана и Елилија Романа.

Како што наведуваат италијанските медиуми, новите жаришта во Тоскана и Емилија Романа настанале по враќањето на околу 20 заразени млади лица од летување во Хрватска, Албанија и Грција.

Здравствените власти потсетуваат дека вирусот и понатаму циркулира и дека е важно да се нодат маски и да се биде на безбедна меѓусебна далечина.

Меѓутоа, ситуацијата не е иста секаде, па така се води полемика поради забава на плажата во местото Галиполи во регионот на Апулија на југот на Италија со околу 2.000 лица без маски, додека градоначалникот на Понци, кој одобрил задолжително да се носат маски и на отворено, сака да го забрани изнајмувањето на станови на тинејџери кои не се полнолетни, освен ако не се со родителите.

Италијанските здравствени власти соопштија кон крајот на јули дека просечната старост на заразените е околу 40 години, додека во најтешкиот период од епидемијата во Италија во март и април беше околу 60 години.