Во австралиската држава Викторија изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19


Австралија  – Премиерот на државата Викторија во Австралија, Даниел Ендруз изјави дека изворот на зараза не е познат за 2.700 случаи на Ковид-19, поради што надлежните се многу загрижени.

Во државата Викторија вчера е забележан долгоочекуваниот пад на бројот на нови инфекции за еден ден – 397 нови случаи, но дури 17 смртни случаи кај пациенти.

Така, вкупниот број на смртни случаи во државата Викторија достигна 210, а во целата земја 295.

Во исто време, премиерот Ендруз потврди дека илјадници здравствени работници се заразени со вирусот.  Строгите вонредни мерки се во сила во главниот град на Викторија, Мелбурн веќе една недела, со полициски час во текот на ноќта и ибврска за задолжително носење маски, но подобрувањето на епидемиолошката состојба се очекува дури за две недели.

Само во изминатите 24 часа казнети се околу 270 граѓани на Викторија за непочитување на рестриктивните мерки на Владата.