(Видео) Пукање во Филаделфија: Ранети шестмина, меѓу кои и трудна жена


 

Во пукање што се случи синоќа во Филаделфија, САД, ранети се три жени на возраст од 18, 24 и 59 години, од кои едната била трудна, и уште три тинејџери од 17 и 18 години.

Сите се во болница и се во стабилна состојба, соопшти полицијата, јави Си-ен-ен.

Од почетокот на оваа година во Филаделфија од огнено оружје ранети се најмалку 98 малолетниви, па градската управа формира група за спречување на насилството.

„Градот е девастиран од безумно и бесмислено насилство и користење огнено оружје. Нашата заедница нема да дозволи такви изливи на беззаконие и одлучен сум да ги изнесам пред правдата поединци кои сакаат да нанесат штета на Филаделфија“, изјави командантот на полицијата Даниел Аутло.

Полицијата не ги уапси синоќешните наоаѓачи ниту го заплени оружјето од кое е пукано.