САД: Речиси 75 отсто од децата кои починале од Ковид-19 се од малцински групи


Коронавирусот е причина за смрт на најмалку 121 лице на возраст под 21 година во САД помеѓу 12 февруари и 31 јули. Тоа се нагласува во студија објавена од Центрите за контрола и превенција на болести. Од тие млади, приближно тројца од четворица биле од хиспанско, црно, американско-индиско или домородно население од Аљаска, што укажува […]

Јошихиде Суга е новиот јапонски премиер


Јапонскиот Парламент го избра новиот претседател на владејачката Либерално-демократска партија, Јошихиде Суга, за нов премиер на државата. Неговата кандидатура беше поддржана од мнозинството пратеници во Долниот дом на Парламентот, кој според уставот има решавачки збор при изборот на нов премиер. За изборот на Суга гласаа 314 пратеници од вкупно 462 во Долниот дом. Суга исто […]

Лајен ќе предложи поамбициозни цели во борбата против климатските промени


Претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пред европарламентарците ќе претстави поамбициозни цели во борба против климатските промени и ќе предложи ЕУ да го забрза намалувањето на емисиите на штетни гасови кои предизвикуваат стаклена градина. Нејзиниот прв говор „За состојбите во Унијата“ има за цел да даде насоки за иднината, се наведува во […]

За три до четири недели ќе имаме вакцина против Ковид-19, тврди Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека вакцина против смртоносниот коронавирус може да биде достапна за 3-4 недели. – Многу сме близу до тоа да се здобиеме со вакцина, изјави Трамп на јавен настан во Филаделфија. – Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната влада ќе и требаа можеби години да пронајде вакцина поради Администрацијата […]

Развиените земји имаат најмногу доверба во Меркел, а најмалку во Трамп


Граѓаните на 13 развиени земји повеќе им веруваат на претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг отколку на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од независниот истражувачки центар Пју (Pew Research Center) со седиште во Вашингтон. Истражувањето е спроведено меѓу испитаници од Јапонија, Австралија, Канада, Велика Британија, Холандија, Јужна […]

Во Израел рекордни речиси 5.000 новозаразени од корона вирус


Израел денеска потврди дека 4.973 лица се новозаразени од корона вирус за само еден ден, што е рекорден број од почетокот на епидемијата. Министерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 40.689, дека имало 47.509 тестови и дека стапката на инфекција е алармантна – 10 проценти. Повеќе од 500 заразени лица се во […]

Вирусологот Ли Менг Јан објавила документ за корона вирусот: Се обидоа да ме замолчат


Вирусологот Ли Менг Јан, којa побегна од Кина во април, објави извештај што треба да биде доказ дека вирусот корона е создаден во лабораторија во Вухан. Јанова, која со месеци се залагаше за теоријата дека вирусот е направен вештачки, тврди дека овој научен извештај ги поддржува нејзините тврдења. Јан, која работела како истражувач во Хонг […]

Борел: ЕУ не го признава Лукашенко, се подготвуваат санкции


  Европската Унија не го признава Александар Лукашенко за претседател на Белорусија и подготвува санкции против функционерите на владејачкиот режим во таа земја, рече денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. „Сметаме дека изборите од 9 август не беа чесни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на расправата на […]

(Видео) Уште еден пожар во центарот на Бејрут


Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници. Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид. Happening now: Fire in […]

Навални објави фотографија од болница, сака да се врати во Русија


  Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска на инстаграм ја објави својата прва фотографија откако деновиве се разбуди од кома. „Здраво, овде навални. Ми недостигате. Се уште не можам да работам, но вчера цел ден можев самостојно да дишам. Без помош од страна, дури ни обичниот вентил во грлото не го користев. Многу ми се допадна. […]

Американскиот апелациски суд одобри депоратција на илјадници имигранти


Американскиот сојузен апелациски суд со два гласа „за“ и еден „против“ одлучи администрацијата на претседателот Доналд Трамп да може да депортираа стотици илјади имигранти кои претходно добија привремено заштита од хуманитарни причини. Со судската одлука потврдено е укинувањето на мерката за заштита на имигранти од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан од депортација. Администрацијата на Трамп […]

Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите


Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД“ се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови. Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари. – Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина […]

Милионски казни за италијанските пошти


Италијанските пошти се казнети со пет милиони евра поради доцнење и неправилности при испораката на регистрираните пратки, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“. Државниот орган што ја следи и гарантира конкуренцијата на пазарот АГЦМ донесе одлука италијанските пошти да ја сносат вината за штетата што ја претрпеа не само граѓаните, туку и судскиот систем на државата […]

Навални, политичкиот противник на Путин вели: Се враќам во Русија


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се лекува во болницата „Шарита“ во Берлин, каде долго време беше во кома, изјави дека сака да се врати во Русија. Според „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на германски извори, Навални му открил на обвинителот што планира да направи кога ќе се опорави. Човек од германското обезбедување потврди за „Њујорк […]

Беснеат пожари во Бразил – вонредна состојба во државата Мато Гросо до Сул


Бразилската влада прогласи вонредна состојба во државата Мато Гросо до Сул поради пожарите во Пантанал, најголемото тропско влажно подрачје на светот. Агенциите за заштита на околината, војниците и локалните пожарникари се обидуваат да ја сопрат огнената стихија. Со прогласување на вонредната сосотојба се овозможува пристап до сојузната благајна од каде може да се повлечат средства […]

Деца и пензионери испратени во рудник! Присилна работа во Кореја за слабите


Апетитите на Ким Јонг Ун растат пред 75-годишнината од основањето на Работничката партија Неколку илјади пензионери и ученици од севернокорејските училишта беа однесени на принудна работа во рудникот со цел да се обезбеди изградба на болница во Пјонгјанг, чие отворање е закажано за 10 октомври. Станува збор за ученици од основно и средно училиште, како […]

Мексико ќе ги извлекува телата на рударите настрадани во 2006 година


Мексиканската Влада соопшти дека планира да го исполни долгогодишното ветување и да ги извлече телата на 63 рудари загинати во несреќа во 2006 година. Телата на само двајца рудари се пронајдени по експлозија во рудник во северната држава Коавила. Под еден тон камен и јаглен се затрупани уште 63 тела. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор […]

Австрија: За една недела од почетокот на учебната година заразени 90 ученици


Една недела по почетокот на новата учебна година на истокот на Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно околу 456.000 ученици, 90 се позитивни на новиот коронавирус. Во случај на позитивен тест на еден ученик, цело одделение е испратено во карантин, а потоа другите ученици се тестираат дома, но мораат да останат во […]

Во Флорида ослободен човек кој погрешно лежел во затвор 37 години за силување и убиство


ДНК доказите покажаа дека Роберт ДуБоа не го сторил делото во 1983 година за кое беше осуден на доживотен затвор   По 37 години зад решетки, еден човек од Флорида беше официјално ослободен во понеделникот од обвинението за силување и убиство во 1983 година, бидејќи ДНК доказите покажаа дека тој не го сторил криминалот. Роберт […]

Германија со нови 1.407 заболени од Ковид-19


  Во Германија во последните 24 часа регистрирани се 1.407 нови случаи на корона вирус, а починаа 12 луѓе. Вкупниот број случаи на заразени со корона вирус во германија порасна на 261.762, соопшти денеска Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Од последиците од Ковид-19 починаа 9.362 лица, пренесе Ројтерс.