Во Украина за еден ден пријавени над сто смртни случаи


Првпат во Украина од почетокот на пандемијата со Ковид-19 регистрирани се повеќе од 100 смртни случаи за еден ден.

Во изминатите 24 часа од последици од новиот корона вирус починале 108 луѓе. претходно, на 8 октомври беа регистрирани 93 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата во Украина потврдени се 256.266 случаи, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 4.887, а оздравеле 112.570 луѓе.

Украинската Влада вчера најави дека ќе отвори дополнителен број на болници за смествување на пациентите со Ковид-19 и оти се разгледува можноста за заострување на рестриктивните мерки.