Белата куќа има повеќе случаи со корона за една недела од 10 земји


 

Откако од корона вирус заболе американскиот пртетседател Доналд Трамп, вирусот се прошири низ Белата куќа.

Порано недекава покрај Трамп се заразиле најмалку 27 членови на персоалот или негови соработници. Но, според најновиот допис, се чини дека тој број пораснал.

Настан во Градината на розите поттикна зараза

За потсетување, Белата куќа не објави кадеточно се заразил Трамп, но многумина ја поврзуваат заразата со настанот во Градината на розите, во чест на кандидатката за Врховниот суд, Ејми Кони Барет.

На настанот имаше околу 200 луѓе, а се се случуваше на 26 септември. Трамп потоа учествуваше и на еден настан во Њу Џерси, поради што наиде на критики од јавноста, но и од гувернерот на таа држава, затоа што во очи на тој настан се дозна дека е заразен.

Дополнително и 13 луѓе членови на ресторанот кои ги послужувале гостите со вечера, завршија во изолација.

Земји со помалку заболени од Белата куќа.

Баз фид во свој текст објави дека од белата куќа протекол извештај според кој 34 членови на персоналот и нивни конакти се веќе заразени. Додаваат дека тоа значи оти има земји во кои има помалку нови случаи на зараза отколку во Белата куќа.

Затоа Баз фид направи попис на земји со помалку случаи.

1 Нов Зеланд

Нов Зеланд оваа недела потврди само 16 новозаразени со корона вирус. Белата куќа, значи дека има двојно повеќе.

2. Виетнам

Оваа недела Виетнам потврди ќетири случаи со корона вирус. Белата куќа има осум пати повеќе.

3. Судан

Судан има 28 нови случаи, за шест помалку од Белата куќа.

4. Јемен

Јемен има 18 нови случаи неделава, што е за половина помалку од белата куќа.

5. Либерија

Либерија има 11 случаи со корона вирус неделава, а Белата куќа три пати повеќе.

6. Камбоџа

Камбоџа има четири нови случаи оваа недела, а тоа е 30 случаи помалку од Белата куќа.

7. Малави

Малави има 30 потврдени случаи со Ковид-19 оваа седмица, што е за четири помалку од Белата куќа.

8. Барбадос

Барбадос има 13 нови случаи, што е третина од заболените во Белата куќа.

9. Танзанија

Танзанија неделава не забележа ни еден случај, па има 34 случаи помалку од Белата куќа.

10. Бутан

Бутан има 22 нови случаи неделава, а Белата куќа има 12 повеќе.