Трамп чека дозвола од лекари за да почне со кампања


САД–  Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатиот викенд беше во болница поради Ковид-19, е подготвен за работа и наскоро ќе знае дали е можно да почне изборна кампања в сабота и недела.Тоа го изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенај.

– Се обидуваме да се усогласиме со претседателот, кој е подготвен да оди на патувања, тој е подготвен да им се обрати на луѓето веднаш штом добие зелено светло од лекарите, изјави Мекени за Фокс Њуз.

Трамп тврди дека веќе некое време се чувствува добро, но мора да почека за одобрување од лекари.

– Направени се медицински тестови и ако се оди добро, тоа ќе биде доказ дека Трамп нема да може да го пренесе коронавирусот, додаде портпаролката на Белата куќа.