Во Франција денеска регистрирани рекордни 20.330 новозаразени со коронавирус


Франција – Во последните 24 часа во Франција се регирстрирани рекордни над 20.000 новозарзени лица со коронавирус, што се случува за првпат од почетокот на епидемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Министерството соопшти дека во последното деноноќие евидентирало 20.330 нови инфекции или досега вкупно 691.977 од почетокот на епидемијата.

Последниве 24 часа бројот на умрени е зголемен за 109, или вкупно 32.630, што е најголема бројка оваа недела, но е далеку под 150, колку што се бележеа претходно.