И Велика Британија го отповика амбасадорот од Белорусија

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека привремено го повлекува амбасадорот од Белорусија на консултации.

– Велика Британија ја осудува одлуката на Белорусија за протерување на полските и литванските дипломати, напиша Раб на Твитер.

Тој додаде дека британскиот амбасадор е повикан на консулатации од солидарност и поради ситуацијата во Белорусија.

И Романија објави дека го повикала својот амбасадор од Белорусија на консултации во знак на солидарност со Полска и со Литванја

Варшава и Вилнус претходно соопштија дека ги повикале своите амбасадори од Минск на консултации, откако Белорусија минатата недела објави дека ги отповика своите амбасадори од Полска и од Литванија.