Белгија стравува дека до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега


Белгиските здравствени власти почнаа и официјално да предупредуваат за втор бран од Ковид-19 во земјата, и наведуваат дека доколку не се намалат итно бројките одделите за интензивна нега ќе бидат сатурирани за еден месец, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на Кризниот штаб, Ив Ван Латем, на денешната прес конференција порача дека зголемувањето на […]

Поддршката за независност на Шкотска на највисоко историско ниво


Според новата анкета, поддршката за независноста на Шкотска е на највисоко ниво досега. Анкетата, спроведена од „Ипсос МОРИ, открива дека 58 проценти од луѓето во Шкотска кои се изјасниле би гласале „Да“, а 42 проценти рекле дека ќе гласаат „Не“. Кога оние кои се неодлучни се исклучени од вкупниот број, доаѓа 55 проценти за „Да“ […]

Кина и Русија, „најголемите кршители“ на човековите права, избрани во Советот за човекови права на ОН


Кина и Русија беа избрани во Советот за човекови права на ОН во вторникот заедно со други 13 земји, што ги разгневи групите за човекови права кои двете нации ги нарекуваат „најголемите прекршители“. Саудиска Арабија, друг кандидат на кој се спротивставуваат активистите, не успеа да освои едно од 15-те слободни места во 47-членото тело на […]

Австрија со најголем број новозаразени од почетокот на епидемијата


Бројот на новозаразени со коронавирусот во Австрија постојано расте, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.346 нови случаи. Ова е најголема бројка од почетокот на епидемијата во Австрија, која почна кон крајот на февруари. Во споредба со средата минатата недела, бројката претставува раст од 33 проценти. Најголем број новозаразени лица повторно има во Виена – 402, што е […]

Полска се заканува со вето за буџетот на ЕУ поради владеење на правото


Полска ќе стави вето на буџетот на ЕУ и планот за обновување од корона вирусот од 1,8 билиони евра, доколку Брисел воведе услови за владеење на правото, рече Јарослав Качињски, водач на владејачката партија Право и правда, во интервју објавено во вторникот. „Ќе има вето. Ако заканите и уцените продолжат, ние цврсто ќе ги браниме […]

ОН предупредува: Светот ќе стане „ненаселив пекол“


Во извештајот на Обединетите нации е наведено дека во последните 20 години забележан е фрапантен раст на природните катастрофи и дека тоа е последица на климатската криза. Согласно тоа, од ОН истакнуваат дека светот ќе стане „ненаселив пекол“ за милиони луѓе доколку тој проблем не го решат надлежните. Истражувачите укажаа на неуспехот на политичките и […]

Сериозна полемика: Дали е фер вработените луѓе со деца да имаат поголеми бенефиции отколку колегите без деца?


Кога корона вирусот ги затвори училиштата и градинките, претворајќи го родителството во мултитаскинг кошмар, многу компании од технолошкиот сектор сакаа да им помогнат на своите вработени. Тие понудија нови поволности, вклучително и дополнителни слободни денови за родителите. Не помина долго и работниците без деца почнаа да го поставуваат прашањето: А ние? Вработените во Фејсбук на […]

Во Германија регистрирани повеќе од 5.000 новозаразени


Бројот на потврдени случаи на корона вирус во Германија е зголемен во последните 24 часа за 5.132, објави Институтот за инфективни болести . Од последниот пресек, како што пренесува „Ројтерс утрово“, 40 лица починале како резултат на зараза со корона вирус. Вкупно 33.585 лица се заразени од почетокот на пандемијата во Германија, а 9.677 луѓе […]

Закерберг ќе донира уште 100 милиони долари за организирање на изборите во САД


САД– Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека ќе донира уште 100 милиони долари за локалните изборни администрации во САД. Ова е дополнување на 300 милиони долари кои минатиот месец ги ветија Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, за одржување на изборите на 3 ноември. Средствата ќе бидат искористени за купување машини за гласање, маски […]

Фејсбук: Рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети


САД – Фејсбук соопшти дека воведува нови правила според кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети. Претходно, компанијата имаше политика против измама со вакцини, кои беа јавно идентификувани од глобалните здравствени организации. „Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата […]

„Илај Лили“ ги запре клиничките испитувања на терапијата со антитела


Англија – Американскиот произведувач на лекови „Илај Лили енд Компани“ објави дека ги запира клиничките испитувања на терапијата против Ковид-19, спонзорирана од владата, поради безбедносни прашања. „Илај Лили енд Компани“ не соопшти кои ќе бидатпоследиците од прекинувањето на клиничките испитувања. Компанијата, претходно овој месец, објави дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со […]

Жозеп Борел објави дека е во самоизолација поради Ковид-19


Белгија– Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, објави дека е во самоизолација по информација дека член на делегацијата на ЕУ со кого минатата недела отпатувал во Етиопија бил позитивен на Ковид-19. „Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест“, објави Борел на […]

Холандија ги затвори баровите и рестораните


Забранети се јавни собирања на повеќе од четири лица, забранета е продажбата на алкохол навечер. Холандија сега има една од највисоките стапки на инфекција по глава на жител во светот   Холандија ќе се врати во „делумна блокада“ од среда, рече холандскиот премиер Марк Руте, затворајќи барови и ресторани додека се бори за контрола на […]

Нови мерки во Италија откако беа забележани 5.901 новозаразени


Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска објави нови мерки против ширењето на коронавирусот откако во Италија беа пријавени 5.901 нов случај, најмногу од крајот на март. Италијанската влада по вторпат ги заостри мерките во текот на оваа недела, иако ситуацијата во земјата е помалку сериозна отколку во другите европски земји како Велика Британија и Шпанија. – […]

Светлана Тихановска му даде рок на Лукашенко да поднесе оставка до 25 октомври


Барањето на опозиционерката во егзил доаѓа откако белоруските власти го засилија насилството и се заканија со употреба на боева муниција   ВИЛНУС – Прогонетиот белоруски лидер на опозицијата, Светлана Тихановска, во вторникот постави рок до 25 октомври за претседателот Александар Лукашенко да поднесе оставка или да се соочи со национални штрајкови што ќе ја парализираат […]

Во Палермо уапсени 20 мафијаши


Италијанската полиција постигна голем успех откако во Палермо уапси повеќе од 20 припадници на мафијашката организација „Коза ностра“, почнувајќи од шефови до ситни крадци и вршители на илегални работи, пишува дневниот весник „Хафингтон Пост“. Уапсените се обвинети за изнудување, убиства, криминално здружување, продавање дрога, кражби и слично. Акцијата е спроведена откако сопственици на одреден број […]

Ковид-19 зема замав во Франција, Макрон ќе се обрати пак на нацијата


Франција – Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно ќе им  се обрати на Французите за време на телевизиското интервју, со јасен фокус на борбата против коронавирусот, кој започнува полека но сигурно повторно да ги полни француските болници, јави дописникот на МИА. За коронавирусот Макрон последен пат зборуваше на 14 јули. На националниот празник, тој уверуваше: „ќе бидеме […]

СЗО: Зголемен бројот на заразени со коронавирус поради судирот во Нагорно Карабах


Швајцарија– Судирите меѓу ерменските сили во Нагорно Карабах и азербејџанската армија во последните неколку недели доведоа до зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). – Ковид-19 не ги почитува границите ниту линиите на фронтот, но ја користи секоја попустливост, секоја криза што го свртува нашето внимание од глобалните напори да […]

Во Русија рекорден број на заразени и починати во еден ден


Русија објави дневно рекордно зголемување на случаите на корона вирус и смртни случаи. Во вторникот, центарот за кризата со корона вирус соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени 13.868 нови случаи, со што вкупниот број на инфекции се искачи на 1.326.178. Претходниот рекорд од 13.634 нови случаи беше регистриран во неделата. Русија исто така […]

Полскиот премиер во самоизолација по контакт со заразен со корона вирус


Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки соопшти дека ќе биде во самоизолација и се префрла на работа од далечина, откако е утврдено дека бил во контакт со лице заразено со новиот корона вирус. „Дознав дека сум бил во контакт со личност која има позитивен тест за Ковид-19. Во согласност со санитарните правила, јас сум во карантин”, […]