Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП


Во двата денешни натпревари во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар со убедлив триумф од 7-0 над последнопласираниот Шкупи се врати на чело на табелата, додека Пелистер освои важни бодови во битката за опстанок, совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0. Вардар извојува рутинска победа на гостински терен против градскиот ривал […]

Висок пораз на македонските фудбалерки на гостувањето во Унгарија


Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година. Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и […]

За прв пат во историјата: Новак Ѓоковиќ и Ајлин Гу ќе бидат домаќини на доделувањето на наградите Лауреус


Новак Ѓоковиќ и Ајлин Гу ќе бидат домаќини на Светските спортски награди Лауреус во 2026 година, што е прв пат двајца спортисти да бидат домаќини на оваа престижна церемонија. Настанот ќе се одржи во Паласио де Сибелес во Мадрид, собирајќи ги заедно глобалните спортски ѕвезди. Добитниците на наградите се одлучуваат на уникатен начин од Светската […]

Луѓето, а не головите се моето богатство: Постхумно промовирана биографската книга за Васил Рингов


Во емотивна атмосфера , исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит , синоќа, во преполната книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана биографската книга „Фудбал под сенка“ , посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов , во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше […]

Ковентри се врати во Премиер лигата по пауза од 25 години


 Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата. Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи. Ковентри, предводен од Френк Лампард, […]

Олимписки пикник за здрави животни навики


 Олимпискиот комитет на Северна Македонија денеска од 12 до 16 часот кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар во Скопје, ќе организира „Олимписки пикник“, посветен на промоција на олимпизмот, здравите животни навики и меѓународното пријателство. Како што информираат од Олимпискиот комитет, пикникот е замислен како неформално дружење на отворено, со пријатна атмосфера, музика, освежување […]

Манчестер Сити без клучен играч од одбраната во дуелот со Арсенал


Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се соочува со проблем во пресрет на дербито со Арсенал в недела на „Етихад“. Поради повреда на коленото Гвардиола нема да може да смета на Рубен Диаз. Но, тимот на Сити и досега имаше успех во натпреварите кога овој фудбалер не настапуваше поради повреди, а без негова помош „граѓаните“ […]

Иран сепак ќе биде дел од Мундијалот


Белата куќа и покрај политичките и воени тензии очекува доаѓање на фудбалската репрезентација на Мундијалот во САД. Новиот став доаѓа по неделата на неизвесност околу тоа дали Иран ќе учествува на Светското првенство. Работната група очекува доаѓање на селекцијата на Иран до 10.јуни во Тусон, а потоа да патуваат за Лос Анџелес каде ги играат […]

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти


Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со […]

Промоција на „Фудбал под сенка“ – биографската книга за Васил Рингов


Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана вечер со почеток во 20 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, соопштија од издавачката куќа „Арс Ламина“. – Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното […]

Англиско полуфинале во Лига Европа


Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа. Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0. Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со […]

Ристовски и Мицкоски на средба со Чеферин: Фокус на развојот на фудбалот во Македонија


Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Владата, оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е во официјална посета на Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ – соопштуваат од Министерството за спорт. На средбата, како што стои во соопштението, се разговарало за идните насоки за […]

СП2026: Алармантен раст на цените на транспортот, навивачите огорчени


Вашингтон – Вртоглавиот раст на билетите за подземната железница до одредени стадиони во САД, во комбинација со превисоките цени на влезниците, предизвикаа големо незадоволство кај фудбалските навивачи чии буџети за мундијалскиот турнир вртоглаво растат. Во Бостон, локалната транзитна управа објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, оддалечен 25 километри, ќе чини 80 долари. […]

Првиот човек на УЕФА во посета на ФФМ, ќе се сретне и со Мицкоски и со Ристовски


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на покана на првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ. Посетата, како што е соопштено, „претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво“. „ФФМ е […]

ЛШ: Баерн во спектакуларен реванш го елиминираше Реал, полуфиналист и Арсенал


Минхенски Баерн и лондонски Арсенал им се приклучија синоќа на ПСЖ и Атлетико Мадрид во полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони. Во спектакуларен натпревар од првата до последната минута, Баерн во реваншот од четвртфиналето го совлада Реал Мадрид со 4-3 и со двојна победа го елиминираше Кралскиот клуб, откако и во првиот натпревар во Мадрид […]

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда


Барселона – Второрангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на десниот зглоб, објавија  организаторите. Алкараз се повреди за време на победата во првото коло над Финецот Ото Виртанен со 6-4, 6-2, но и покрај болката – успеа да го заврши натпреварот. Во второто коло требаше да игра против […]

Дончиќ и Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на НБА


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ и Остин Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на Лејкерси против Хјустон рокетс. – Тие се надвор од терените на неодредено време. Немам вести за вас оваа недела, изјави главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик за „АП“. Дончиќ (27) има повреда […]

Маскерано поднесе оставка од тренерската функција во Интер Мајами


Интер Мајами објави дека главниот тренер Хавиер Маскерано поднесе оставка. Четириесет и едногодишниот Аргентинец објави дека го напушта клубот од лични причини. – Сакам да ги информирам сите дека, од лични причини, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на Интер Мајами. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам на клубот за […]

Европскиот шампион ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите


Ливерпул/Мадрид – Екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите по синоќешните реванш четвртфинални дуели. Европскиот првак ПСЖ и во реваншот постигна победа против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 и со вкупни 4:0 го елиминираше англискиот првак. Стрелец на двата гола беше Усама Дембеле во 72 и 90+1 минута. […]

Американците ќе ги „дерат“ навивачите за време на Светското првенство. Еве колку ќе чини билет за воз од центарот на Њујорк до стадионот


   ФИФА веќе ги шокираше навивачите со екстремно високите цени на билетите за Светското првенство, а сега се придружија и градовите.   Додека цените за сместување во градовите домаќини се зголемија неколку пати како што се очекуваше, зголемувањето на цените за превоз во и меѓу градовите не беше очекувано. На Светските првенства во Русија и […]