Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит


Англискиот фудбал и неговата доминација на меѓународната сцена може да станат колатерална штета на имиграциската политика што Велика Британија има намера да ја спроведува по брегзит, а која вклучува ограничување на бројот на странски играчи во фудбалските клубови. Според новите правила, клубовите во англиската Премиер лига од јануари 2021 година нема да можат да потпишат …

Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит Read More »

Од Ковид-19 почина 14-годишна пливачка


  Малдата бразилска пливачка Мариана Френклин Фереира почина на 14 години од последиците на корона вирусот. Таа прележала Ковид-19 пред еден месец, а неодамна повторно покажала знаци на заразата и примена е во регионалната болница. На 9 и 10 декември се натпреварувала на националниот турнир во Сантос каде учествувала на трките на 50, 100 и …

Од Ковид-19 почина 14-годишна пливачка Read More »

Реал Мадрид без Модриќ до крајот на годината 


Шпанија– Хрватот Лука Модриќ, поради повреда, нема да биде во комбинација да настапи за Реал Мадрид на преостанатите два натпревари на актуелниот шпански првак во 2020 година. Весникот „Марка“ објави попладнево дека Модриќ го пропуштил денешниот тренинг поради болки во мускулите на левата нога, наведувајќи оти повеќе детали околу сериозноста на повредата ќе бидат познати по медицинските прегледи во вторник. Модриќ во неделата постигна гол …

Реал Мадрид без Модриќ до крајот на годината  Read More »

Хамилтон избран за спортист на годината од страна на Би-Би-Си


Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон е прогласен за спортист на 2020 година во изборот на Би-Би-Си. Оваа година Хамилтон се израмни со Михаел Шумахер по бројот на титули и го престигна Германецот во победи во Формула 1. На гласањето на Би-Би-Си, пилотот на Мерцедес ги победи капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, џокејот Холи Дојл, боксерот …

Хамилтон избран за спортист на годината од страна на Би-Би-Си Read More »

Фетел: Хамилтон ме поддржа по одлуката за напуштање на Ферари


Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел по одлуката да го напушти Ферари, добил поддршка од актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон. Покрај вестите за заминувањето од Ферари, сезоната 2020 беше исклучително несреќна за Фетел во однос на нивото на перформансите на тимот и ривалството со Шарл Леклер. – Да, Луис ми се јави веднаш …

Фетел: Хамилтон ме поддржа по одлуката за напуштање на Ферари Read More »

Само бод за Барселона против Валенсија, Меси го израмни рекордот на Пеле


Барселона вечерва ги подели бодовите со Валенсија, одигрувајќи 1:1 на домашен терен во 14. коло во Ла Лига, но резултатот остана во сенка на постигнувањето на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси. Аргентинецот биеше прецизно во судиското продолжение од првото полувреме и се израмни со бројот на постигнати голови во клупската кариера со легендарниот напаѓач …

Само бод за Барселона против Валенсија, Меси го израмни рекордот на Пеле Read More »

Највисока гостинска победа на Ливерпул во последните 134 години


Актуелниот англиски првак Ливерпул попладнево ја забележа својата највисока победа на гостински терен уште од 1896 година, совладувајќи го Кристал Палас во Лондон со 7:0 во воведниот натпревар од 14. коло во Премиерлигата. Минамино, Мане, Хендерсон и по два пати Фирмино и Салах беа стрелци за историската победа со која Ливерпул се зацврсти на чело …

Највисока гостинска победа на Ливерпул во последните 134 години Read More »

Кошаркарскиот тренер Марјан Лазовски почина од корона вирусот


Спортската јавност во Македонија денеска жали за поранешниот селектор на кошаркарите и кошаркарките Марјан Лазовски. Лазовски ја загуби битката со корона вирусот на 58 годишна возраст. Тренерот во изминатиот период беше сместен на клиниката во Скопје, каде, за жал, лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Марјан Лазовски беше долгогодишен кошаркар на Вардар, МЗТ …

Кошаркарскиот тренер Марјан Лазовски почина од корона вирусот Read More »

Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант


Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, жестоко ја критикуваше својата мајка, откако таа поведе судска постапка во обид да добие дел од семејното наследство, проценето на околу 600 милиони долари. Во тужбата што на 48 страници ја поднесе до судот во Лос Анџелес, шеесетиосумгодишната Софија Урбиета Лејн бара финансиски надомест за својот долгогодишен …

Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант Read More »

Катар отвори стадион за СП 2022 со гледачи негативни на коронавирус


Катар – Во присуство на 20.000 гледачи со задолжителен негативен тест за коронавирус, денеска во Катар свечено беше отворен нов стадион изграден за Мундијалот во 2022 година. Новоотвореиот стадион Ал – Рајан, лоциран 24 километри западно од престолнината Доха, има вкупен капацитет од 40.000 седишта и ќе биде домаќин на седум мундијалски натпревари до осминафиналето. Стадионот беше отворен со финалниот натпревар во …

Катар отвори стадион за СП 2022 со гледачи негативни на коронавирус Read More »

Шест деца чекаат да бидат признати: Телото на Марадона да се чува за утврдување татковство


Телото на покојниот фудбалски великан Диего Марадона „мора да се сочува“ во случај неговата ДНК да биде потребна за утврдување татковство, пресуди во четвртокот аргентинскиот суд. Марадона почина од срцев удар минатиот месец и погребан е на 26 ноември на гробиштата во близина на Буенос Аирес. Иако неговиот адвокат порано рече дека примероци од ДНК …

Шест деца чекаат да бидат признати: Телото на Марадона да се чува за утврдување татковство Read More »

Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината


Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година. Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, …

Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината Read More »

Левандовски најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (32) е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2020 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Гласаа селекторите и капитените на репрезентациите, новинарите и навивачите, а Левандовски славеше пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Меѓународната фудбалска федерација ја доделува наградата за најдобар фудбалер на светот од 1991 година, а …

Левандовски најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА Read More »

Руските спортисти под неутрално знаме на ОИ во Токио и Пекинг


Спортскиот арбитражен суд (CAS) во Лозана ѝ ја преполови на Русија четиригодишната забрана за настап на големите натпреварувања, но ја остави на сила забраната за учество под руско знаме на спортистите од оваа држава на претстојните Олимписки игри во Токио и на зимската Олимпијада во Пекинг во 2022 година. Како што официјално е соопштено вечерва, …

Руските спортисти под неутрално знаме на ОИ во Токио и Пекинг Read More »

Судот забрани кремирање на телото на Марадона


Телото на покојниот Диего Армандо Марадона не смее да биде кремирано, бидејќи може да има потреба од ДНК примерок во текот на оставинската постапка. Одлуката, како што јавија денеска аргентинските медиуми, ја донесе судот во Буенос Аирес, и покрај тврдењето на личниот адвокат на Марадона, кој во изјава за Ројтерс истакна дека веќе е земен ДНК примерок при обдукцијата …

Судот забрани кремирање на телото на Марадона Read More »

Светскиот првак во скијачки скокови Гајгер позитивен на Ковид-19


Германија – Светскиот првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, е заразен со коронавирус, но нема симптоми и се наоѓа во самоизолација во својот дом, соопшти денеска Германската скијачка федерација. Гајгер минатиот викенд во драматична завршница на Планица ја освои титулата светски првак, а на почетокот на оваа недела бил позитивен на Ковид-19. Резултатите од тестирањата за коронавирус …

Светскиот првак во скијачки скокови Гајгер позитивен на Ковид-19 Read More »

АТП го претстави натпреварувачкиот календар за почетокот на 2021 година


Англија – Тениската асоцијација на професионални тенисери на својата официјална веб-страница го претстави календарот на натпревари за првите два месеци од 2021 година. Квалификациите за Австралија опен ќе се одржат во Доха. Календарот на понатамошните натпревари ќе биде презентиран подоцна. Поради пандемијата, АТП-250 турнирите во Оукленд, Њујорк и Пуна веќе се откажани. АТП календар: 5-13 јануари: …

АТП го претстави натпреварувачкиот календар за почетокот на 2021 година Read More »

Ливерпул го победи Тотенхем и го презема врвот во Премиер лигата


Ливерпул синоќа го совлада Тотенхем со 2:1 во дербито на 13. коло од Англиското фудбалско првенство. Стрелци на головите за домаќините беа Мохамед Салах во 26. и Роберто Фирмино во 90. минута, погодокот за Тотенхем е дело на Сон Хеунг-Мин во 33. минута. По овој триумф, Ливерпул со 28 бода го презема врвот на табелата …

Ливерпул го победи Тотенхем и го презема врвот во Премиер лигата Read More »

Одобрено ново фудбалско правило поврзано со замените 


Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB) одобри ново правило кое превидува екипите да можат да заменат фудбалер при повреда на главата, дури и во случај сите дозволени измени претходно да биле извршени. Новото правило ќе почне да важи од јануари 2021 година, а националните асоцијации, кои ќе имаат намера исто да го применуваат ќе треба да …

Одобрено ново фудбалско правило поврзано со замените  Read More »

Форбс: Федерер е спортистот со најголема заработувачка во 2020


САД– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде на третото место на листата на славни личности со најголема заработка за 2020 година, според магазинот Форбс. 20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи заработил 106,3 милиони долари оваа година и остана само зад претприемачката Кајли Џенер (590 милиони долари) и музичарот Канје Вест (170 милиони долари). Интересно е …

Форбс: Федерер е спортистот со најголема заработувачка во 2020 Read More »