Катар отвори стадион за СП 2022 со гледачи негативни на коронавирус

Катар – Во присуство на 20.000 гледачи со задолжителен негативен тест за коронавирус, денеска во Катар свечено беше отворен нов стадион изграден за Мундијалот во 2022 година.

Новоотвореиот стадион Ал – Рајанлоциран 24 километри западно од престолнината Доха, има вкупен капацитет од 40.000 седишта и ќе биде домаќин на седум мундијалски натпревари до осминафиналето.

Стадионот беше отворен со финалниот натпревар во рамки на националниот куп, во кој Ал-Сад, предводен на клупата од поранешниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Барселона, Чави Хернандез вечерва го совлада Ал – Араби со 2:1.

На стадионот можеа да влезат само гледачи, кои имаа негативен тест за коронавирус, а меѓу нив беа катарскиот лидер Тамим бен Хамид Ал-Тани и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.