Од Ковид-19 почина 14-годишна пливачка


 

Малдата бразилска пливачка Мариана Френклин Фереира почина на 14 години од последиците на корона вирусот.

Таа прележала Ковид-19 пред еден месец, а неодамна повторно покажала знаци на заразата и примена е во регионалната болница.

На 9 и 10 декември се натпреварувала на националниот турнир во Сантос каде учествувала на трките на 50, 100 и 200 метри слободен стил.

Во текот на натпреварот почнала да се чувствува лошо, а според бразилските медиуми, имала главоболки и болки по телото. Кога си дошла дома, се зголемиле смптомите, а имала и воспалено грло.

Затоа, мајка ѝ ја однела во болница, каде одела два пати. Третиот пат ја примиле со ниска сатурација на кислород.

Лекарите потврдиле дека повторно е позитивна на корона вирус, кој ги зафатил и белите дробови. Во еден момент се чинело дека ќе успеат да ја стабилизираат, но само 24 часа подоцна Маријана починала.

Покрај физичката спремност не можела да ги надвладее компликациите и ја изгуби најважната битка.