За прв пат исти натпреварувачи на две Олимпијади освоија идентични медали во индивидуален спорт


За прв пат во историјата на Олимписките игри, на победничкиот подиум се искачија исти натпреварувачи како на претходната Олимпијада. Тоа се случи утрово во Токио, во фрлање ѓуле кај мажите. Американецот Рајан Краузер го освои златото, неговиот сонародник Џо Ковач освои сребро, додека Томас Волш од Нов Зеланд стигна до бронзата. Точно истиот подиум, по […]

САД први финалисти на олимпискиот кошаркарски турнир


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави се првите финалисти на Олимпијадата во Токио. Американците утрово ја совладаа Австралија со 97:78. Кевин Дурант со 23 и Девин Букер со 20 поени се најзаслужни за триумфот на „дрим тимот“. Во второто полуфинале попладне од 13 часот се среќаваат Франција и Словенија.

Токио 2020: Јованоска нe ги помина квалификациите во кати


Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното  место во својот дебитантски настап во кати на Олимписките игри. Македонката ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90, недоволно да се квалификува во следната рунда. На крајот Јовановска беше последна, петта во својата група или вкупно деветта од […]

Ериксен првпат по срцевиот удар на тренинг на Интер


Италија– Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен денеска присуствваше на тренингот на италијанскиот шампион Интер првпат откако 29-годишниот фудбалер доживеа срцев удар за време на ЕУРО2020. Италијанскиот клуб на својот официјален сајт објави дека Ериксен се наоѓа во „одлична психофизичка форма“. Ериксен на 12 јуни доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска во рамки на групната фаза […]

ОИ: Француските кошаркарки преку Шпанија во полуфинале


Франција ја совлада попладнево Шпанија со 67:64 и обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во женска конкуренција. Во победничкиот тим најдобар ефект имаа Марин Жоанес со 18 и Габи Вилијамс со 11 поени. Противник на Франција во полуфиналето в петок ќе биде домаќинот Јапонија, додека истиот ден во првото полуфинале на програмата ќе […]

Злато за Де Грас на трката на 200 метри


Канаѓанецот Андре Де Грас е победник на спринтерската трка на 200 метри на Олимписките игри во Токио. Тој беше пред сите со време од 19,62 секунди, што е и негов личен рекорд. Среброто го освои Американецот Кенет Беднарек со 19,68, а бронзата му припадна на Американецот Ноа Лајс. За потсетување, Де грас во трката на […]

Белоруската спринтерка го напушти Токио и замина за Виена, откако одби да си оди дома


Кристина Циманоскаја требаше да замине за Варшава, но во последен момент била префрлена на лет за Виена, поради загриженоста за нејзината приватност и безбедност, откако веста стана јавна и новинарите резервираа места за летот   Белоруската спринтерка Кристина Циманоскаја го напушти Токио со авион во средата, помалку од 72 часа откако ги одби наредбите на […]

Полјаците протерани од Загреб, по тепачката со Бед блу бојс, нема да го следат натпреварот


Навивачката група на Динамо Загреб, Бед Блу Бојс синоќа се судри со ултрашите на полска Легија во хрватскиот главен град. Улиците на Загреб личеа на воено поле, бидејќи се фрлаа факели, пепелјари, столици, шишиња, камења, а демолирани беа неколку ресторани и кафулиња. Навивачите беа вооружени со палки, а интервенираше и полицијата. Bad Blue Boys (Dinamo […]

Ла Лига продаде 10 отсто од акциите за 2,7 милијарди евра


Раководството на Ла Лига соопшти дека постигнала начелен договор со инвестицискиот фонд ЦВЦ за продажба на својот удел во лигата. Договорот ќе создаде нова компанија која ќе има малцински удел од 10 проценти. За ова, фондот ќе плати 2,7 милијарди евра, кои ќе одат за развој на Ла Лига. Како дел од трансакцијата, вредноста на […]

Како да се мерат резултатите на трансродовите спортисти во Токио?


Новозеландската кревачка на тегови Лорел Хабард ќе стане првата отворено трансродoва жена која настапила на Олимпијадата кога ќе се појави на подиумот во женска супертешка категорија (87+ кг) на игрите во Токио во понеделник. Вклучувањето на Хабард по промената во 2013 година поттикнува жестока глобална дебата за тоа дали на транс жените треба да им […]

Одбојкарките на Србија во полуфинале со САД на Олимписките игри


Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Србинките претпладнево во четвртфиналето со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21 ја совладаа Италија. Ова е десетто полуфинале на српската репрезентација на големите натпреварувања (ОИ, ЕП и Мундијали). Противник на Србија во следната рунда ќе биде селекцијата на САД. Во другото […]

Паника во Олимпиското село по силниот земјотрес кај Токио


Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на префектурата Ибараки во Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Како што се наведува, не постои опасност од цунами. Присутните во Олимпиското село во Токио, каде што се одржуваат Летните олимписки игри, бегале во паника, според првичните […]

(Видео) Меклафлин постави светски рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио


Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51,46 секунди. Ова е нов светски рекорд. Претходниот светски рекорд исто така го држеше Меклафлин со време 51,90 секунди. Сребрениот медал го освои друга Американка, Далиа Мухамед – 51,58. На победничкиот подиум како […]

Грчкиот тим во уметничко пливање се повлече поради коронавирус


Јапонија – Грција се повлече од натпреварувањата во уметничко пливање на Игрите во Токио, откако четири нејзини спортистки се позитивни на Ковид-19, објави денеска Грчкиот олимписки комитет (ХОЦ). Една од пливачките била позитивна на коронавирус во понеделникот, а уште три други добиле позитивен тест во вторникот, поради што сите се изолирани во карантин. Организаторите на Олимписките игри соопштија денеска за нови 18 […]

ОИ: Полската атлетичарка Влодарчук испиша историја


Јапонија– Полската атлетичарка во фрлање кладиво Анита Влодарчук ја освои денеска олимписката титула на Игрите во Токио и стана првата жена во историјата со три златни медали во атлетските дисциплини. Покрај три златни одличја на Олимписките игри, Влодарчук има и четири светски титули, а воедно е и актуелен светски рекордер. Полската атлетичарка триумфираше попладнево исфрлувајќи го кладивото на далечина од 78.48 […]

Бразил и Шпанија во финалето во Токио


Јапонија– Фудбалските репрезентации на Бразил и Шпанија ќе играат во финалето на олимпискиот турнир во Токио. Откако Бразил во првотo денешно полуфинале го совлада Мексико по подобро изведување пенали, пласман во финалето попладнево обезбедија и Шпанците, совладувајќи го домаќинот Јапонија. Полуфиналето во Саитама заврши без голови во регуларниот дел од натпреварот, а голот вреден пласман во олимпиското финале на […]

(Видео) Елејн Томсон како стрела во Токио, го одбрани и златото на 200 метри од Рио


Јамајканската спринтерка Елејн Томсон го повтори на Олимписките игри во Токио својот успех од пред пет години во Рио де Женеиро, освојувајќи ги олимписките златни медали на трките на 100 и 200 метри. Откако во саботата го одбрани златото на 100 метри, Томсон денеска го повтори успехот на двојно подолгата патека, повторно истрчувајќи со втор […]

Фудбалерите на Бразил на пенали преку Мексико до финалето на Олимпијадата


Јапонија– Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Олимписките игри во Токио. „Кариоките“ попладнево во првото полуфинале славеа победа над Мексико со 4:1 по изведување на пенали. Резултатот по основните 90 и дополнителните 30 минути беше нерешен 0:0. Бразилците се бранители на златниот медал од претходната Олимпијада во Рио де Жанеиро 2016 година. Воедно […]

(Видео) Бајлс се врати на натпреварувањата и освои бронза на греда


Американската гимнастичарка и една од најдобрите на светот, Симон Бајлс по проблемите со менталното здравје, денес се врати на натпреварувањата. Таа настапи во финалето на греда и освои бронзен медал со резултат 14,000 бода. Првите две места ги освоија гимнастичарки од Кина. Победи Хуан Ченчен со 14,633 бода. Сребрениот медал отиде кај Сиџинг Танг со […]

Франција и Шпанија први ракометни полуфиналисти на Игрите во Токио


Ракометните репрезентации на Франција и Шпанија се првите полуфиналисти на Олимписките игри во Токио. Французите во четвртфиналето ја оправдаа улогата на фаворит и го декласираа Бахреин со 42:28. До победата Франција ја водеше Махе со девет гола. Торнат постигна пет, а интересот е што дури 12 ракометари на Франција се запишаа во листата на стрелци. […]