Ѓоковиќ избори финале на УС Опен по драма во пет сета против Зверев


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен откако во пет сета го совлада Александар Зверев со резултат 4:6, 6:2, 6:4, 4:6, 6:2.
Германскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, особено во првиот и во четвртиот сет што ги освои, но Ѓоковиќ сепак беше подобар во првиот меч во пет сета оваа сезона.

Српскиот тенисер сега е на чекор до освојување на „календарскиот слем“ и 21 -та грен слем титула во кариерата, финалето ќе се игра в недела, а ривал на Ѓоковиќ ќе му биде Данил Медведев.
Ѓоковиќ – Нишикори, Ѓоковиќ – Бруксби, Ѓоковиќ – Беретини, Ѓоковиќ – Зверев, четири кола на УС Опен по ред и четири исти почетоци, со загубен сет на најдобриот играч на светот. Овој пат, Ѓоковиќ не го декласираше ривалот како во претходните три наврати, напротив, одигра пет сета за прв пат во сезоната – но докажа дека е подобар од Зверев.

Во првиот сет кој го доби Зверев, клучниот момент беше деветиот гем, но веќе во наредниот сет Ѓоковиќ беше во својот елемент.

Иако Зверев го загуби и третиот сет, тој изгледаше многу подобро отколку во вториот, а во четвртиот беше вистинскиот. Беше очигледно дека Ѓоковиќ нема да ја заврши работата без голема борба, што се случи.

Во петиот сет пресудна беше физичката подготвеност по која што е познат Ѓоковиќ, па така српскиот тенисер поведе со 5:0 во овој решавачки сет, за потоа да го освои и да стигне до финалето.

Финалето на УС Опен се очекува да биде еден од најголемите спортски настани во поседно време со оглед дека Ѓоковиќ ќе игра за „календарски слем“ (освојување на сите грен слема во сезоната), со штто можат да се пофалат само неколку тенисери. Истовремено ова е можност за освојување на неговиот 21. грен слем трофеј, о што би ги престигнал Рафаел Надал и Роџер Федерер, со кои моментално ја дели првата позиција – и дефинитивно да стане најдобар досега во „белиот спорт“. Негов ривал ќе биде Данил Медведев, а Ѓоковиќ изјави дека в недела ќе игра како да му е поледниот меч во кариерата.