(Видео) Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки вторпат во една година


Норвежанецот Карстен Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио. Вархолм утрово победи во финалната трка со време 45,94 секунди. Тој го собори сопствениот светски рекорд поставен на 1 јули 2021 година кога истрча 46,70 секунди. Пред тоа, рекордот цели 29 години му припаѓаше на Американецот Кевин Јанг (46,78). […]

ОИ кошарка: Словенија прв полуфиналист


Кошаркарската репрезентација на Словенија рано утрово ја победи Германија со 94:70 и стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Најефикасен играч на натпреварот беше Зоран Драгиќ, кој постигна 27 поени, Лука Дончиќ запиша 20 поени и 11 асистенции. Во полуфиналето Словенците ќе играат со победникот од натпреварот Италија – Франција. Веќе се игра натпреварот Шпанија […]

ОИ: Табела на освоени медали – Кина водечка со 29 златни одличја


Кина го задржа водечкото место по единаесеттиот натпреварувачки ден на Игрите во Токио, на кој денеска беа поделени 20 комплети медали во атлетика, бадминтон, велосипедизам, кревање тегови, гимнастика, борење, едрење, коњички спорт и стрелаштво.  Табела на медали                                          […]

Токио 2020: Симон Бајлс ќе настапи во финалето на греда


Една од најдобрите гимнастичарки на светот, Американката Симон Бајлс ќе учествува во финалето на греда на Олимпијадата во Токио, соопшти прес -службата на американската федерација за спортска гимнастика. – Симон Бајлс се враќа, објавија на Твитер и од Токио 2020. Финалето во кое ќе се појави Бајлс е закажано за утре, 3 август. Вчера, 1 […]

Надал за однесувањето на Ѓоковиќ: Кога сте пример за многу деца, не е добра слика да го фрлате рекетот


Дваесеткратниот освојувач на Грен слем трофеи, Рафаел Надал го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио. Србинот го фрли својот рекет на трибините во мечот за бронзата. – За среќа, немаше никој таму и ништо не се случи. Но, овие работи се случуваат понекогаш. Се разбира, треба да се обидете да ги избегнете. […]

ОИ: Злато за Грција во скок во далечина и за Порторико на 100 метри со пречки за жени


На Олимписките игри во Токио, денес ќе бидат поделени 22 сета медали, а четири од нив веќе отидоа кај новите шампиони. Гркот Тентоглу победи во скок во далечина, додека Камачо-Квин од Порторико беше најбрза на 100 метри. Освоени медали во четири дисциплини: Атлетика – скок во далечина, мажи 1. Милтијадис Тентоглу (Грција) 2. Хуан Мигел […]

Симон Бајлс: Не завршив со спортот, но не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место


Американската гимнастичарка Симон Бајлс рече дека не ги напуштила тренинзите засекогаш и покрај тоа што се повлече од повеќето натпревари на Олимпијадата во Токио. – За оние што велат дека завршив. Не сум завршила. Едноставно, мојот ум и тело не се синхронизирани. Мислам дека не разбирате колку е опасно ова во време на жестока конкуренција. […]

САД го освоија Златниот куп (видео)


Фудбалерите на САД, рано утрово во Лас Вегас го победија Мексико со 1:0 по продолженија во финалето на Златниот куп на КОНКАКАФ. Основните 90 минути завршија без победни и без постигнат гол па се играа продолженија. Во 117. минута Мајлс Робинсон постигна победнички гол за Американците. Ова е седма титула во Купот КОНКАКАФ за САД. […]

Зверев го победи Хачанов во мечот за златото на тенискиот олимписки турнир


Јапонија – Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Русинот Карен Хачанов во финалето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио. Средбата траеше еден час и дваесет минути. Зверев победи со 2:0, по сетови 6:3 и 6:1. За потсетување, во мечот за бронзата Шпанецот Пабло Карено-Буста го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 6:4, 6:7 (6:8) и […]

Рохас постави светски рекорд во трискок на Игрите во Токио


Венецуелката Јулимар Рохас го постави првиот светски рекорд во една атлетска дисциплина на Олимписките игри во Токио. Таа попладнево во трискок прескокна 15 метри и 67 сантиметри, цели 17 сантиметри повеќе од досегашниот најдобар планетарен резултат (15,50) сопственост на Инеса Кравец од 1995 година. Второто место и сребрениот медал отиде кај Патрисиа Пор Мамона од […]

Италијанецот Џејкобс е најбрз човек на планетата


  Во најатрактивната атлетска исциплина на Олимписките игри во Токио победи Италијанецот Ламонт Џејкобс. Тој во спринтерската трка на 100 метри славеше со резултат, 9,80 секунди. Воедно, ова е и европски рекорд, кој претходно самиот го постигна и во полуфиналната трка кога истрча за 9,84 секунди. Втор низ целта помина Американсецот Фред Крели, со време […]

Најбрзиот човек на светот без финале – Кинезот фаворит да го наследи Болт


  Кинескиот атлетичар Бинтјан Су и Американецот Рони Бејкер остварија најдобар резултат во полуфиналната трка на 100 метри на Олимписките игри во Токио. Су и Бејкер остварија ист резултат – 9,83 секунди. Трет најдобат резултат од 9,84 секунди оствари италијанскиот спринтер Марсел Џејкобс. Трејвон Бромел, Американецот кој оваа година го има најдоброто време со 9,77 […]

ОИ: Заврши групната фаза на кошаркарскиот турнир


Со натпреварот Шпанија – Словенија 87:95 попладнево заврши групната фаза од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. Двете првопласирани од трите групи, како и двете најдобри третопласирани обезбедија место во четвртфиналето. Носители во ждрепката за четвртфиналето ќе бидат Франција, САД, Австралија и Словенија Во „шеширот“ со неносители се: Италија, Аргентина, Германија и Шпанија. Во […]

Шахистот на Алкалоид, Филип Михов, нов државен шампион


Филип Михов ја освои шампионската титула во сениорска конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во шах кое од 24 до 31 јули се одржа во Струга. Шахистот на Алкалоид се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан […]

Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село


Јапонија – Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село. – На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање, објави генералниот директор на организацискиот  комитет Тоширо Муто. Во кој тим е забележан овој случај не е наведено. Претходно, […]

Пливачите од САД со светски рекорд го освоија златото во штафета 4×100 метри мешано


Јапонија– Американската штафета утрово постави нов светски рекорд на Олимпијадата во Токио во пливачката дисциплина 4х100 метри мешано. Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки. Сребрениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија (Лук Гринбанк, Адам Пети, Џејмс […]

Најбрза трка во историјата на 100 метри за жени. Елејн Томпсон-Хера како куршум го освои златото


Додека најголемата женска трка на 100 метри стигнуваше кон целта, Елејн Томпсон-Хера протатни покрај нејзиниот најголем ривал, а потоа ја крена левата рака во поздрав за победа. Имаше навестувања за сликата на Бен Џонсон во Сеул, но потоа часовникот го покажа победничкото време, 10,61 секунда, и друго име од Олимпијадата во 1988 година дојде на […]

ОИ: Атлетичарот Стојоски утре во квалификациите на 400 метри


По четиридневна пауза од појавување во олимпискиот базен на Миа Блажевска – Еминова, македонскиот спорт утре во атлетичарот Јован Стојоски ќе го има својот шести натпреварувач на Игрите во Токио. Стојоски ќе настапи во квалификациите во трката на 400 метри, кои се на програмата со почеток во 03:45 часот по македонско време. Од осумчлениот македонски олимписки тим, настап на […]

ОИ:Табела на освоени медали – Кина во водство со 21 златно одличје  


Јапонија – Олимписките игри во Токио се во втората натпреварувачка недела, а спортистите од Кина ја зголемија предноста пред конкурентите по бројот на освоени златни медали.    Табела на медали                                                       […]

Ѓоковиќ во Токио остана без медал и им се извини на сите


Три порази во два дена се шокантен резултат за Србинот. На четвртиот меч во мешани двојки не се ни појави. Пабло Карењо Буста е егзалтиран од освоениот бронзен медал   Новак Ѓоковиќ ќе ги напушти Олимписките игри во Токио без медал, откако падна во уште еден меч, тој за бронзен медал со 6-4, 6-7 (6), […]