Формула 1: Ферстапен доминираше во својата Холандија


Макс Ферстапен и егазлтираните холандски навивачи (Фото: ЕПА)

Макс Ферстапен победи на трката за ГН на Холандија со апсолутно командно возење од пол-позицијата пред домашната публика во Зандворт. Тој е првиот холандски возач што го освои холандското ГП од своето деби во Формула 1 во 1952 година и беше беспрекорен во доминатното возење што не остави шанси за предизвик на Луис Хамилтон, па светскиот шампион заврши на второто место. Неговиот совозач во „Мерцедес“, Валтери Ботас, беше трет, со Пјер Гасли од „АлфаТаури“ на четвртото и Шарл Леклер на петтата позиција за „Ферари“.

Возачот на „Ред Бул“, Ферстапен го врати водството со седмата победа оваа година и уживаше во вистинскиот почеток во втората половина од сезоната што ја посакуваше пред публика од 70.000 луѓе со ентузијастички навивачи облечени во портокалово. Со Ф1 назад во Холандија за прв пат од 1985 година кога победи Ники Лауда, ова беше резултат што очајно го посакуваа навивачите и промоторите на трката. Повеќе од милион се пријавија за билети, стотици други ги поставија оградите во дините надвор за да ги видат автомобилите во далечина и за оние што имаа среќа да го направат тоа, се веселеа во магла од портокалов чад и бучна прослава.

Ферстапен стигна до победата во последното трка во Спа, но дури откако заврши три круга зад безбедносното возило под силен дожд. Му беа доделени половина поени, но немаше задоволство од победата.