Милевски со две измени во стартниот тим против Исланд


Селекторот Благоја Милевски направи две измени од дуелот против Ерменија во почетниот состав за вечерашниот натпревар против Исланд во Рејкјавик во рамки на 5. коло во квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

За разликата од ремито без голови против Ерменците во Скопје во четвртокот, дуелот против Исланд од првата минута ќе го почнат Стефан Спировски во средниот ред и Милан Ристовски во нападот.

Почетниот состав во избор на селекторот Милевски е: Столе Димитриевски – Стефан Ристовски (капитен), Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски – Стефан Спировски, Енис Барди, Елиф Елмас – Тихомир Костадинов, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов.

Натпреварот се игра од 18 часот на стадионот „Лаугардалсволур“, а судиската четворка од Словачка ќе ја предводи Иван Кружилак.

Петтото коло во групата Ј вечерва ќе бидеме комплетирано со дуелите меѓу Германија и Ерменија, и Романија – Лихтенштајн.