Пеле на интензивна по операцијата на туморот


 

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле и понатаму е на интензивна нега во болница во Сао Паоло каде закрепнува од операцијата на тумор на дебелото црево.

Болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло доцна синоќа соопшти дека 80-годишниот Едсон Арантес до Насименто Пеле заздравува на задоволителен начин, иако уште е на интезивна нега.

Болницата во понеделникот соопшти дека очекува Пеле во вторникот да биде префрлен во редовна соба.

Самиот Пеле претходно на Инстаграм напиша дека секој ден се чувствува подобро.

Туморот му бил откриен кога Пеле отишол на рутински преглед кон крајот на август.

Пеле освои три Светски првенства во фудбал – 1958, 1962 и 1970 година и е најдобар стрелец на репрезентацијата на Бразил со 77 гола на 92 натпревари.