(Видео) Стравичен судар на Хамилтон и Ферстапен


 

Возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и на Мерцедес, Луис Хамилтон учествуваа во стравична несреќа на трката во Монца.

Прво погрешија механичарите во Ред БУл, па Ферстапен се задржа предолго во пит стоп, што му овозможи на Хамилтон да го престихне Холанѓанецот.

Хамилотн изби на прво место, но потоа кога тој влезе во пит стоп, погрешија и механичарите на Мерцедес.

Хамилтон излезе на патеката зад Ланд Норс, но веднаш до Макс Ферстапен.

Двајцата возачи влегоа агресивно во дуел, а епилогот беше излетување од патеката на двата болида.

„Тоа се случува кога не оставаш доволно простор“, кусо прокоментира Ферстапен.

Двајцата водечки во генералниот пласман со ова ги загрозија своите лидерски позиции во шампионатот.