Бразилските фудбалери го одбранија олимпиското злато


Јапонија– Бразилската машка фудбалска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак совладувајќи ја попладнево во финалето во Јокохама селекцијата на Шпанија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот за златниот медал во регуларниот дел заврши 1:1. Стрелци за Бразил беа Куње (45+2) и Малком (108), додека голот за Шпанија го постигна Ојарзабал (61). За Бразил ова е […]

Хаос во финалето во карате: Беше нокаутиран, на носилки го изнесоа, а освои злато


Иранецот Саџад Ганџадех на неверојатен начин се закити со олимписко злато во карате. Ганџадех е прв олимписки победник во категоријата до 75 кг, а до тоа дојде откако во финалето го нокаутира Саудецот Тарег Хамди. Имено, Хамди поради недозволен удар беше дисквалификуван. Така, Иранецот го подигна златниот медал, но откако дојде при себе и по […]

На Твитер го облекоа Меси во дресот на ПСЖ, но од таму порачуваат уште не е готово


Пари Сен-Жермен се уште не се договорил со напаѓачот Лионел Меси, информира „Goal.com“ повикувајќи се на прес -службата на парискиот клуб. Претходно беше објавено дека Аргентинецот и ПСЖ го завршија договорот за трансфер. ПСЖ соопшти дека ова се лажни информации, и договорот сé уште не е склучен. На 5 август, Барселона објави дека Меси го […]

Грег Попович: Никогаш порано не сум почувствувал таква одговорност (видео)


Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, призна дека чувствувал голем товар на патот до златниот медал на Олимпијадата во Токио. – Секоја титула во лигата е нешто посебно. Секој тим со кој работите е посебен. Но, да бидам искрен, никогаш порано не сум почувствувал толку голема одговорност. Толку многу луѓе ве следат, вие […]

Меси ќе добива во ПСЖ 50 милиони евра годишно, вели познат новинар


Станаа познати условите од договорот помеѓу поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси и францускиот фудбалски гигант ПСЖ. – Триесет и четиригодишниот Аргентинец ќе потпише договор со парискиот клуб до летото 2023 година со опција за продолжување на една сезона. Платата на Меси во ПСЖ ќе биде 50 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси, објави познатиот италијански […]

Кошаркарите на САД им се реваншираа на Французите и го освоија олимпиското злато


Кошаркарската репрезентација на САД рано утрово ја победи Франција со 87:82 во финалето на Олимпијадата во 2020 година. Со оваа победа, „дрим тимот“ им се реваншира на „триколорите“ за поразот во групната фаза. Најефикасен играч на натпреварот беше Кевин Дурант со 29 поени. Тимот САД стана олимписки шампион во кошарка по четврти пат во низа. […]

Алиоски промовиран во ново засилување на Ал-Ахли


Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Ахли денеска официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски во свое ново засилување. Алиоски потпиша двегодишен договор со клубот од Џеда, откако му заврши четиригодишната соработка со Лидс, со кој избори и промоција во Премиер лигата. – Од истокот на Англија до западот на Кралството Саудиска Арабија. Алиоски е во Џеда, објави […]

ОИ: Македонската двојка Начевски – Николов ќе го суди машкото ракометно финале


Јапонија– Откако го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година, македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште едно големо признание да ја делат судиската правда на машкото ракометно финале на Олимписките игри во Токио. Финалето во кое олимпискиот и светски првак Данска ќе игра против Франција е на програмата в сабота со почеток […]

Финансискиот фер-плеј, но и празната каса на Барселона го „избркаа“ Меси


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси (34), по повеќе од 20 години минати во каталонскиот фудбалски гигант Барселона заминува од клубот поради финансискиот „фер-плеј“. Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта се обиде да ја објасни ситуацијата со Меси, обвинувајќи го претходното раководство на клубот дека оставило поголеми загуби.  „Не пречека ужасно наследство. […]

Роџер Федерер полни 40 години: Што понатаму?


Да не се натпреваруваше во истата ера со Надал и Ѓоковиќ, неговата импресивна колекција на трофеи можеби ќе беше уште поголема Швајцарија– Роџер Федерер во недела полни 40 години со својата прекрасна кариера, која донесе 20 Грен слем турнири, богатство од неколку милиони долари и армија фанови. Што понатаму?  Федерер одигра само 13 натпревари во […]

Надал поразен на АТП турнирот во Вашингтон


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) на својот прв АТП турнир по враќањето од двомесечната пауза претрпе елиминација во Вашингтон, откако поуспешен од него во третото коло беше моментно 50-рангираниот играч во светот Лојд Харис од Јужна Африка со 6:4, 1:6, 6:4. Надал немаше настап до турнирот во Вашингтон од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос […]

ОИ: Американските одбојкарки надмоќни во полуфиналниот дуел со Србија


Женската одбојкарска репрезентација на САД избори пласман во финалето на Олимписките игри во Токио совладувајќи го актуелниот светски првак Србија со убедливи 3:0 во сетови (25:19, 25:15, 25:23). Полуфиналната пресметка во Токио беше „реприза“ од полуфиналето од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, кога Србија со 3:2 го совлада Американките. САД овој пат се реваншираа и со триумфот […]

Полјакот Томала е последен олимписки победник во трка на 50 километри брзо одење


Полјакот Давид Томала (31) ја освои олимписката титула во брзо одење на 50 километри во трката одржана утрово во Сапоро, на островот Хокаидо. За Томала ова беше само втора негова трка во оваа дусциплина на која неодамна се префрли од 20 километри со образложение дека „бара нов предизвик‘. Полјакот дојде до златниот олимписки медал со 36 секунди […]

ОИ: Нуров поразен во четвртфиналната борба


Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров загуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио и драстично ги намали шансите за освојување медал во категоријата 97 килограми слободен стил. Нуров, кој беше последниот седми македонски спортист со настап на Олимписките игри, денеска рано наутро во првата осминафинална борба го совлада Тунижанецот Мохамед Садуи со 5:0. Во четвртфиналето македонскиот борач по […]

Крај на една ера: Меси ја напушти Барселона


Шпанија– Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона ја шокираше вечерва фудбалската јавност потврдувајќи дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси (34) заминува од каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја клупска кариера. Иако неодамна Барселона и капитенот Меси начелно се согласија за продолжување на соработката, нов договор не е потпишан поради, како што […]

Трагедија во Португалија – загина синот на германската фудбалска легенда Михаел Балак


Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон. Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, […]

Интервју со Анета Павловска, тениски судија: Ми се оствари сонот да судам на Олимпијада


Тенисот ми го отвори светот и ме научи да си ја ценам слободата повеќе од се затоа што слободниот човек е среќен човек, вели Анета Павловска, која беше прва Македонка на летна Олимпијада како тениски судија   Мирче Јовановски Олимписките игри во Токио влегуваат во самиот финиш, со изобилство спортски возбудувања кои ги донесе до […]

Парчмент од Јамајка победник на трката на 110 метри со пречки


Ханзел Парчмент од Јамајка го освои златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Јамајчанецот утрово патеката ја мина со време 13,04 секунди, пет стотинки подобро од Американецот Грант Холовеј кој важеше за голем фаворит. Радоста на Јамајка ја надополни Роналд Леви освојувајќи бронзен медал со време 13,10 секунди.

Русија ќе игра во одбојкарското финале на Олимпијадата во Токио


Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1. Бразилците добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:18, но потоа Русите стапија на сцена и ги добија следните три сета со 25:21, 26:24 и 25:23. Противник на Русија во финале ќе […]