Барселона нема да може да го повлече бројот на Меси


Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона нема да може да го повлече од оптек број 10 кој досега го носеше Лионел Меси, објави „Сан“. Се претпоставуваше дека каталонскиот клуб ќе го исклучи овој број од употреба во знак на почит кон напаѓачот Лионел Меси. Сепак, клубот нема да може да го стори тоа поради правилата во Ла […]

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати


САД – Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата. – Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам […]

Дончиќ ќе потпише договор со Далас вреден 207 милиони долари


САД– Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ договори нова соработка со Далас маверикс. Според „ESPN“ 22-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор вреден 207 милиони долари. Оваа сума е најголема досега за обновување на договор за новодојденец. Дончиќ доби право на таков договор, бидејќи двапати влезе во првиот идеален НБА тим во неговите три сезони во најсилната кошаркарска лига. […]

Поранешен кошаркар на Лејкерс ќе игра за Куманово


Македонскиот кошаркаршки прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс. Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим. Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану […]

Циципас за дебито во Топ 3: Ова е огромна мотивација и добар одраз на она што веќе го постигнав


Грција– Грчкиот тенисер Стефанос Циципас кажа како се чувствува по првото влегување во Топ 3 играчите на светската рејтинг-листа. – Ова е огромна мотивација и добар одраз на она што веќе го постигнав. За мене е среќа што работев напорно и влегов во Топ 3. Мислам дека ова е посебна фаза во мојата кариера. Влегувањето […]

Пике го критикуваше раководството на Барселона поради заминувањето на Меси


Шпанија– Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го критикуваше раководството на клубот по заминувањето на Аргентинецот Лионел Меси. – Во последниве години, менаџментот на тимот дозволи некои работи што не смееше да се случат. Еве не се успеа ниту во целта да се задржи Меси. И претходно имаше промашувања во трансферите. Од друга страна, ние фудбалерите бевме […]

Куман: Барселона мора да покаже дека е добар тим и без Меси


Шпанија- Тренерот на Барселона, Роналд Куман го коментираше заминувањето на Лионел Меси од тимот. – Сакаме најдобро за клубот. Мораме да ја свртиме страницата и да го прифатиме ова. Треба да покажеме дека сме добар тим и без Лео, изјави Куман по синоќешната победа над Јувентус со 3:0 во „Гампер купот“. На 5 август, Барселона објави […]

Збогум Токио, добредојдовте за три години на Олимписките игри во Париз


Франција- Олимписките игри во Токио завршија со предавање на олимпиското знаме на Ан Идалго, градоначалничката на Париз, идниот домаќин на Олимписките игри во 2024. Свеченоста беше следена директно на плоштадот Трокадеро во Париз, јави дописникот на МИА. Церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио беше следено директно кај новиот домаќин – Парзи, каде за […]

Свечено затворени Олимписките игри во Токио


Јапонија– Со свечена церемонија на Националниот стадион во Токио попладнево по средноевропско време официјално е спуштена завесата на 32. Олимписки игри, први во историјата кои се одржаа без присуство на публика поради пандемијата на коронавирус. Свеченото затворање почна со видео колаж со најубавите моменти во изминатите две недели во кои на олимписките борилишта беа поделени […]

Меси со солзи се збогува со Барселона: Никогаш не замислував ваков крај


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси денеска на конференција за новинари со солзи го потврди своето заминување од Барселона, откако клубот пред неколку денови соопшти дека веќе не може да си го дозволи Аргентинецот во своите редови без притоа да ја загрози сопствената иднина. – Се обидов да бидам понизен и да […]

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио


Јапонија- Американскиот 24-годишен пливач Кејлеб Дресел е најуспешен спортист на 32. Олимписки игри во Токио со пет златни медали, а австралиската 27-годишна пливачка Ема Мекион е најтрофејна меѓу спортистките со четири златни и три бронзени медали. Дресел освои златни медали во пет од шесте трки на кои настапи, освојувајќи ги олимиските титули на 50 и […]

ОИ: Медали освоија 93 држави, македонските олимпијци на 77. место со едно сребро


Јапонија – САД на последниот натпреварувачки ден ја престигна Кина според бројот на освоени златни медали на Олимписките игри во Токио на кои одличја освоија вкупно 93 држави, а македонскиот состав со еден сребрен медал заврши на 77. место во вкупниот поредок. Американците беа најуспешни со 39 златни, 41 сребрени и 33 бронзени, пред Кина (38, […]

Србија подобра од Грција за второ олимписко злато во ватерполо


Ватерполо репрезентацијата на Србија по втор пат во историјата на Олимпијадите го освои златниот медал. Србите на крајот на последниот натпреварувачки ден иа Игрите во Токио, ја победија Грција со 13:10. По три гола во победничкиот тим постигнаа Душан Мандиќ, Никола Јакшиќ и Андрија Прлаиновиќ. Пред финалниот меч се одигра средбата за третото место во […]

Франција ги обедини олимписките титули во ракомет


Женската ракометна репрезентација на Франција утрово ја победи Русија со 30:25 во финалето на Олимпијадата 2020 во Токио. Најзаслужна за триумфот на Французинките беше голманката Клеопатра Дарло која одбрани 9 удари од 21 обид на Русинкте. Полет Фопа и Алисон Пино постигнаа по 7 гола за победничките, исто толку реализации во рускиот тим забележа Полина […]

Кипчоге го освои златото на олимпискиот маратон


Кениецот Елиуд Кипчоге е победник на маратонот на Олимписките игри во Јапонија. Тој најдолгата атлетска дисциплина одржано утрово низ улиците на Сапоро, ја заврши со време 2 часа, 8 минути и 38 секунди. Кипчоге беше бранител на златото од Игрите во Рио пред пет години. Покрај двете злата, Кипчоге има и сребро од Пекинг 2008 […]

Американците го обезбедија првото место во поредокот на медалистите на Олимпијадата во Токио


Спортистите на САД обезбедија победа во пласманот на медалисти на Олимпијадата во Токио. На последниот ден од Игрите, 39-от златен медал на САД му го донесоа американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките со резултат 3:0. Претходно, женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија и освои злато. Уште едно злато донесе велосипедистката Џенифер […]

ИОК: Полесно ќе може да се исклучи спортска дисциплина од програмата на Олимписките игри


Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе може да исклучи некој спорт од програмата на Олимписките игри без одобрување на седницата на организацијата. Одлуката е донесена денес на седницата на ИОК во Токио. – Спортска дисциплина може да биде исклучена од олимписката програма ако соодветната Меѓународна федерација што раководи со спортот не делува во […]

САД подобри од Јапонија во финалето на женскиот кошаркарски турнир


Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио. Американките утринава во финалето ја совладаа селекцијата на Јапонија со 90:75. Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која САД ја добија со 23:14. На полувреме предноста беше двоцифрена (50:39), доволна за конечен триумф. Гринер со 30 и Вилсон […]

Меѓународниот олимписки комитет донира 120.000 долари за македонските спортисти


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе издвои 120.000 долари со кои ќе се финансираат подготовките на најдобрите македонски спортисти во квалификациите за настап на следните Олимписки игри во Париз. Договорот со Маркетинг одделението на ИОК во Токио го потпиша претседателот на Македонскиот олимписки комитет – МОК, Даниел Димевски. Договорот, како што соопшти македонската страна, предвидува MOK […]

Олимписко злато за француските ракометари


Јапонија– Француската машка ракометна репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио совладувајќи го попдланево во финалето бранителот на титулата Данска со 25-23 (14-10). Ова е трето олимписко злато за Французите на последните четири Олимписки игри, по Пекинг 2008 и Лондон 2012, додека во Рио де Женеиро 2016 беа сребрени. Данците, пак, го […]