Американскиот фонд „777 Партнерс“ ја презеде Џенова за 150 милиони евра


Американскиот инвестициски фонд „777 Партнерс“ го купи најстариот италијански фудбалски клуб Џенова за 150 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Италијанските медиуми објавија дека Американците и претседателот на Џенова, Енрико Прециози постигнале договор, а официјалното соопштение од клубот се очекува во наредните часови, пренесе Хина.

„777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2015 година, а тие исто така имаат малцински удел во шпанскиот прволигаш Севилја.

Италијанскиот претприемач Прециози беше претседател на Комо од 1998 до 2003 година, а во јуни 2003 година ја купи Џенова откако клубот испадна во Серија Ц1.

Интересно, тој беше казнет и суспендиран неколку пати. Тој беше вклучен во скандал со лажно сметководство во 2000 -тите (Биланчиополи), во кој клубовите манипулираа со цената на фудбалерите и користеа други лажни трикови со сметки за да ги поминат финансиските тестови. Прециози беше суспендиран на четири месеци и казнет со 15.000 евра.

Поради финансиски прекршувања додека го водеше Комо, во 2009 година му беше изречена казна забрана за работа во фудбал четири месеци, и беше казнет со 100.000 евра. Исто така, на Прециози му беше забрането да работи два месеци во јули 2008 година поради продажба на Доменико Кришито на Јувентус, а исто така беше суспендиран на 10 дена во ноември 2008 година кога влезе на теренот во последниот натпревар од сезоната.

Џенова е основана на 7 септември 1893 година и е најстариот италијански фудбалски клуб, пренесува Сеебиз.