(Видео) Кога Нејмар го брани Мбапе од голманот на Мец


Лидерот во француското првенство ПСЖ го победи Мец во драматична завршница на натпреварот што се одржа синоќа, но крајот на дуелот можеше за малку да излезе од контрола.

Домаќинот остана без исклучениот капитен Дилан Брон, а последниот свиреж на судијата не го дочека ниту темпераментниот тренер на Мец, Антонети. Метежот настана кога во судиското продолжение Акраф Хакими го постигна неговиот втор и победоносен гол за својот тим …

Килијан Мбапе, не се однесуваше спортски при прославата на голот и на протрчување му дофрли нешто на домашниот голман Укиџи кој се уште лежеше на тревата, што беше тригер за пресметка со напаѓачот на ѕвездата на ПСЖ.

Во целата ситуација се вмеша уште една ѕвезда на ПСЖ, бразилецот Нејмар кој скокна и на свој начин го „реши“ проблемот. Доволна провокација за дебата на социјалните мрежи – дали е посмешна реакцијата на бразилскиот напаѓач или гестот на голманот на Мец.