Мбапе одби да потпише шестгодишен договор со ПСЖ


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, многу веројатно ќе го напушти францускиот клуб, пишува „Марка“. Според шпанскиот весник, 22-годишниот Французин нема намера да потпише нов шестгодишен договор со тимот и се надева дека ќе се пресели во Реал ова лето. Актуелниот договор на играчот истекува следната година. Минатата сезона Мбапе учествуваше на 47 натпревари на […]

Медведев го освои Мастерсот во Торонто


Рускиот тенисер Даниел Медведев синоќа го победи  Американецот Рејли Опелка со 6:4, 6:3 во финалето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 1 час и 27 минути. Русинот направи четири аса и четири двојни грешки, а исто така конвертира три брејк топки од седум можности. Опелка исто така сервираше четири аса, имаше три грешки на вториот […]

Вардар го освои 49. Струшки ракометен турнир


Македонскиот шампион Вардар, го освои 49. Струшки ракометен турнир, откако синоќа во драматичен дуел и реприза од ланското финале му се реваншираше на Еурофарм Пелистер, совладувајќи го дури по продолженијата со 33:32 и по 13-ти пат го освои овој турнир. Во регуларниот дел натпреварот заврши 28:28. Натпреварот го реши Тимур Дибиров од пенал во последната […]

Почина легендарниот германски фудбалер Герд Милер


  Почина Герд Милер, легенда на германскиот фудбал. Веста ја објави Баерн Минхен на својата страница. „Денеска целиот свет на Баерн мирува. Најуспешниот германски клуб и неговата база навивачи жалат по Герд МИлер, кој почина рано наутро во неделата. Имаше 75 години“ – напиша Баерн. Der FC Bayern trauert um Gerd Müller. Heute steht die […]

Розберг се откажал од 100 милиони долари за да ја напушти Формула 1


Поранешниот возач на Мерцедес, шампион во Формула 1, Нико Розберг раскажа како одбил 100 милиони долари и понуда да продолжи со кариерата во „Кралските трки“. – Сакав да избегнам да станам личност која никој не сака да ја види во тимот. Се откажав од 100 милиони долари, кои, може да се каже, лежеа на мојата […]

Формирани полуфиналните двојки на тенискиот турнир во Торонто


Канада – Двајца Американци и по еден Грк и Русин се пласираа помеѓу четворицата најдобри на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Во полуфиналето ќе играат: Данил Медведев (Русија) – Џон Изнер (САД) Стефанос Циципас (Грција) – Рејли Опелка (САД). Турнирот во Канада се игра за награден фонд од 2,8 милиони долари. 

УЕФА ги номинира претендентите за награди во ЛШ за сезона 2020/21


Франција – Европската фудбалска асоцијација, денес ги објави имињата на конкурентите за наградите во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Секоја позиција има по три кандидати за признанието. Ќе се избираат најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач. Во најтесниот избор на УЕФА се најдоа: Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едуард Менди (Челзи), Едерсон […]

Пандев ќе одигра уште една сезона за Џенова


Италија– Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и следната сезона ќе настапува за италијанскиот прволигаш Џенова. Ако по Европското првенство постоеја дилеми дали Пандев, кој стави крај на репрезентативната кариера, ќе продолжи со клупскиот фудбал, тоа денес е разрешено со потпишување на новиот договор. Македонецот се обврза на соработка со калчолигашот до 30 јуни 2022 година. Задоволство […]

(Видео) На атлетичарка и пукна стапот на два дела и заврши на бетон


Се случува понекогаш стапот да се скрши, но Анџелика немаше среќа да биде пречекана ниту на душекот. Швајцарката скокачка со стап, Анџелика Мозер (24) се здоби со тешка повреда на тренинг и моментално е во болница, сето тоа откако се оствари кошмарот на сите натпреварувачи во овој спорт. За време на еден обид да скокне – […]

Меси дел од платата во ПСЖ ќе добие во криптовалути


Платата на Лионел Меси во ПСЖ вклучува плаќања во криптовалута, пренесува „The Telegraph“, повикувајќи се на извор запознаен со деталите од договорот. Не е објавено колкав процент од платата ќе добие 34-годишниот Аргентинец во дигитални валути. Сепак, постојат информации дека обемот на плаќањата во токените на Меси ќе биде голем. Навивачите на ПСЖ можат да […]

АС: ПСЖ не го пушта Мбапе во Реал до летото 2022 година, а потоа на негово место ќе го донесе Роналдо


Килијан Мбапе и покрај желбата да си замине од Париз, останува во ПСЖ и следната сезона. Според „АС“, претседател на парижаните, Насер Ал-Келаифи знае дека напаѓачот Килијан Мбапе нема да потпише нов договор со клубот. И покрај ова, ПСЖ нема да го пушти напаѓачот во Реал Мадрид до летото 2022 година, кога истекува неговиот договор. […]

Рамос го покани Меси да се смести во неговата куќа


Франција– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос го покани Лионел Меси да се смести во неговата куќа. Во вторникот, 10 август, ПСЖ го објави трансферот на 34-годишниот Аргентинец, на кого му  заврши договорот со Барселона. – Ако вие и вашето семејство претпочитате да живеете во куќа отколку во хотел, можете да се сместите кај мене го […]

Еурофарм Пелистер подобар од Вардар за ракометниот Супер Куп


Еурофарм Пелистер го освои годинешниот ракометен Супер Куп на Македонија откако вечерва го совлада Вардар со 31-22. Вардар тргна подобро и на почетокот од натпреварот имаше предност, меѓутоа битолчани успеаја да останат во мала негатива која што на полувремето ја изедначија на 14-14. Тимот од Битола имаше доминација и постојана висока предност во второто полувреме […]

Дванаесет екипи во борба за влез во групната фаза од ЛШ


Дванаесет екипи ги резервираа своите места за плејофот од Лигата на шампиони откако успешно го завршија третото квалификациско коло. ПСВ Ајндховен, Бенфика, Шахтјор Донецк, Лудогорец, Шериф, Малме, Салцбург, Брондби, Динамо Загреб, Монако, Јанг Бојс и Ференцварош се клубовите кои претстојниов месец ќе си ги измерат силите во борба за влез во групната фаза од ЛШ.  […]

Меси се претстави во Париз, откри кој беше клучен за трансферот


Доскорешниот фудбалер на „Барселона“, Лионел Меси, се претстави на навивачите на наговиот нов клуб, парискиот Сен Жермен (ПСЖ). Аргентинскиот волшебник вчера официјално го заврши трансферот и потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а денеска за првпат се обрати на јавноста како играч на парискиот гигант. Меси го избра бројот 30 на дресот, кој има посебно значење […]

Надал за повредата: Не можам да настапам на потребното ниво, ногата нема да ми дозволи да се движам нормално


Шпанија– Дваесеткратниот Грен слем шампион Рафаел Надал ја коментираше својата одлука да се повлече од Мастерсот во Торонто поради повреда на левата нога. – Овој проблем ме мачи неколку месеци, секој знае за тоа. Сега треба да најдам начин да ја подобрам ситуацијата. На крајот на краиштата, најважно е да се игра со задоволство. Сега ме […]

Меси за трансферот во ПСЖ: Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции


Франција– Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е задоволен од неговиот премин во ПСЖ, клуб за којшто смета дека може да ги исполни неговите цели. – Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје во кариерата во Париз. Клубот и неговата визија се целосно во согласност со моите амбиции. Знам колку се талентирани играчите и персоналот овде. Решен сум […]

Меси денеска заминува за Париз, ги договори сите детали со ПСЖ, вели новинарот Романо


Поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси се договори за соработка ПСЖ. Се очекува тој денеска да пристигне во Париз, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде […]

Вујовиќ: Сакам со трофеј да го одбележам враќањето во Вардар


Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, посакува со трофејот од Суперкупот да ја почне новата сезона. Вардарци утре во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се соочат со Еурофарм Пелистер во Суперкупот. – Наша обврска е против Еурофарм Пелистер да одиграме добар натпревар и по можност да го освоиме Суперкупот. […]