Италијанецот Џејкобс е најбрз човек на планетата


  Во најатрактивната атлетска исциплина на Олимписките игри во Токио победи Италијанецот Ламонт Џејкобс. Тој во спринтерската трка на 100 метри славеше со резултат, 9,80 секунди. Воедно, ова е и европски рекорд, кој претходно самиот го постигна и во полуфиналната трка кога истрча за 9,84 секунди. Втор низ целта помина Американсецот Фред Крели, со време […]

Најбрзиот човек на светот без финале – Кинезот фаворит да го наследи Болт


  Кинескиот атлетичар Бинтјан Су и Американецот Рони Бејкер остварија најдобар резултат во полуфиналната трка на 100 метри на Олимписките игри во Токио. Су и Бејкер остварија ист резултат – 9,83 секунди. Трет најдобат резултат од 9,84 секунди оствари италијанскиот спринтер Марсел Џејкобс. Трејвон Бромел, Американецот кој оваа година го има најдоброто време со 9,77 […]

ОИ: Заврши групната фаза на кошаркарскиот турнир


Со натпреварот Шпанија – Словенија 87:95 попладнево заврши групната фаза од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. Двете првопласирани од трите групи, како и двете најдобри третопласирани обезбедија место во четвртфиналето. Носители во ждрепката за четвртфиналето ќе бидат Франција, САД, Австралија и Словенија Во „шеширот“ со неносители се: Италија, Аргентина, Германија и Шпанија. Во […]

Шахистот на Алкалоид, Филип Михов, нов државен шампион


Филип Михов ја освои шампионската титула во сениорска конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во шах кое од 24 до 31 јули се одржа во Струга. Шахистот на Алкалоид се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан […]

Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село


Јапонија – Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село. – На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање, објави генералниот директор на организацискиот  комитет Тоширо Муто. Во кој тим е забележан овој случај не е наведено. Претходно, […]

Пливачите од САД со светски рекорд го освоија златото во штафета 4×100 метри мешано


Јапонија– Американската штафета утрово постави нов светски рекорд на Олимпијадата во Токио во пливачката дисциплина 4х100 метри мешано. Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл од САД патеката ја поминаа со вкупно време 3 минути 26 секунди и 78 стотинки. Сребрениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија (Лук Гринбанк, Адам Пети, Џејмс […]

Најбрза трка во историјата на 100 метри за жени. Елејн Томпсон-Хера како куршум го освои златото


Додека најголемата женска трка на 100 метри стигнуваше кон целта, Елејн Томпсон-Хера протатни покрај нејзиниот најголем ривал, а потоа ја крена левата рака во поздрав за победа. Имаше навестувања за сликата на Бен Џонсон во Сеул, но потоа часовникот го покажа победничкото време, 10,61 секунда, и друго име од Олимпијадата во 1988 година дојде на […]

ОИ: Атлетичарот Стојоски утре во квалификациите на 400 метри


По четиридневна пауза од појавување во олимпискиот базен на Миа Блажевска – Еминова, македонскиот спорт утре во атлетичарот Јован Стојоски ќе го има својот шести натпреварувач на Игрите во Токио. Стојоски ќе настапи во квалификациите во трката на 400 метри, кои се на програмата со почеток во 03:45 часот по македонско време. Од осумчлениот македонски олимписки тим, настап на […]

ОИ:Табела на освоени медали – Кина во водство со 21 златно одличје  


Јапонија – Олимписките игри во Токио се во втората натпреварувачка недела, а спортистите од Кина ја зголемија предноста пред конкурентите по бројот на освоени златни медали.    Табела на медали                                                       […]

Ѓоковиќ во Токио остана без медал и им се извини на сите


Три порази во два дена се шокантен резултат за Србинот. На четвртиот меч во мешани двојки не се ни појави. Пабло Карењо Буста е егзалтиран од освоениот бронзен медал   Новак Ѓоковиќ ќе ги напушти Олимписките игри во Токио без медал, откако падна во уште еден меч, тој за бронзен медал со 6-4, 6-7 (6), […]

ОИ: Американската гимнастичарка Бејлс се повлече од уште две финални дисциплини


Јапонија – По консултации со својот лекарски тим, најдобрата гимнастичарка во светот, Американката Симон Бејлс, се откажа од настап во финалните натпревари во прескок и коњ со рачки, кои утре се на програмата на Игрите во Токио. Засега останува потврдата за нејзин настап во натпреварите во поединечна конкуренција на греда и партер. Американската гимнастичарка неделава ја […]

ОИ: Хрватска поуспешна од Србија во балканското ватерполо „класико“


 Хрватска и го нанесе вториот пораз на Србија во групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо, триумфирајќи претпладнево во соседското дерби со 14:12 (5:3, 1:1, 4:4, 4:4). Хрватска подобро го отвори дуелот меѓу двата последни олимписки шампиони и поведе со 5:1, но Србија возврати и го израмни резултатот на 8:8. Продолжението донесе серија грешки на […]

ОИ: Нови 21 случај на коронавирус, нема заразени спортисти


Потврдени се нови 21 случај на коронавирус, од кои 19 се поврзани со Игрите во Токио, но меѓу нив нема заразени спортисти, соопшти претпладнево Организацискиот комитет на Олимпијадата. Вкупниот број заразени со Ковид-19 за време на Олимписките игри се искачи на 241. Претежно станува збор за лица вклучени во организацијата на Игрите, соопштија домаќините, посочувајќи […]

Србија и Ѓоковиќ се во шок по двата порази во еден ден


Маестралната игра на Александар Зверев од средината на вториот сет, кога до крајот тој освои 10 гема, а Новак само еден, го доведе Германецот до најголемиот успех во неговата кариера   Србија се чини дека уште не може да поверува дека големиот шампион и најдобриот тенисер во овој момент во светот изгуби два меча за […]

ОИ:Табела на освоени медали


 Досега на Олимписките игри во Токио се поделени 133 од вкупно 339 комплети медали, а Кина од домаќинот Јапонија го презеде лидерското место според освоени златни одличја.    Табела на медали                                                      […]

Ракометниот клуб „Алкалоид“ започна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи


Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, РК „Алкалоид“ го започна процесот на регрутација. Мартин Серафимов (21 година), кој игра на позицијата десен бек, и Игор Ѓоргиев (21 година), кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб, РК […]

Конте доби понуда да биде стручен коментатор на натпреварите од Лигата на шампионите


Италија – Поранешниот тренер на Интер, Јувентус и италијанската репрезентација Антонио Конте може привремено да го промени полето на активност. „Скај Спорт Италија“ го поканува 51-годишниот фудбалски стручњак да стане експерт на нивниот канал. Преговорите се во напредна фаза. Конте се очекува да работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Тренерот е заинтересиран за овој предлог. […]

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Олимпијадата во Токио


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио во сингл конкуренција. Србинот денес загуби од Германецот Александар Зверев во полуфиналниот меч со 2:1. Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:1, а потоа Зверев беше поуспешен со 6:3 и 6:1. Во финалето Зверев ќе игра против Русинот, Карен […]

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР


Судискиот комитет на Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) побара од ФИФА да направи две значајни измени во протоколот со кој се регулираат условите за работа на видео-судиите. Првата се однесува на времето на одигрување на натпреварот. Предложено е да се запре играта кога ќе интервенираат видео асистенти, а судијата ќе го провери видеото. Честопати […]

Георгиевски од скопскиот плоштад: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен


Македонскиот спортски херој, освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Токио во таеквондо +80 килограми, Дејан Георгиевски вечерва им се обрати на своите поддржувачи на скопскиот плоштад кои дојдоа да го поздрават го поздрават големиот успех. – Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна […]