Бахреинката Гезахење го собори светскиот рекорд на 10 километри


Бахреинската атлетичарка Калкидан Гезахење постави нов светски рекорд во уличната трка на 10 километри, триумфирајќи денеска на патеката во Женева со време од 29:38 минути.

Нејзиното време е за пет секунди побрзо од рекордот што во 2017 година го постави денешната победничка на маратонот во Лондон, Кенијката Џојслин Џепскогеи (29:43).

Триесетгодишната Гезахење на Олимписките игри ова лето во Токио го освои сребрениот медал на 10.000 метри зад Белгијката Сифан Хасан.