Погледнете го соочувањето помеѓу Хабиб и Роналдо – кој прв „трепна“


Хабиб Нурмагомедов веќе неколку дена е во Англија, каде што се дружеше и со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо

Пред неколку дена, легендарниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов пристигна во Англија на покана од неговиот голем пријател Кристијано Роналдо.

Тој присуствуваше на првенствениот натпревар помеѓу Манчестер и Евертон на „Олд Трафорд“, го запозна Сер Алекс Фергусон и сето тоа го сподели со фановите на својот профил на Инстаграм.
Тој објави неколку фотографии со Роналдо, но и видео во кое Хабиб и Кристијано се гледаат лице в лице, како што тоа го прават борците пред мечевите во УФЦ. Успеаја да останат сериозни неколку моменти, а потоа и двајцата почнааа да се смеат и да се гушкаат.


Покрај фотографиите и снимките од опуштено дружење, Нурмагомедов објави и кратка порака за Роналдо, кого неизмерно го почитува.
„Тој е најдобриот досега, продолжи да го правиш она што го правиш шампиону. Инспирираш милиони луѓе низ целиот свет”, напиша тој.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov)