Бурен финиш на летниот преоден рок, Гризман се врати во Атлетико
Бројни трансфери меѓу најсилните европски фудбалски клубови донесе самата завршница на летниот преоден рок. Најсилно одѕвони враќањето на францускиот репрезентативен напаѓач Антоан Гризман во мадридски Атлетико. Французинот го носеше дресот на Барселона од 2019 година, а се враќа во Мадрид како позајмен фудбалер со можност Атлетико да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра. Барселона, пак, го доведе Холанѓанецот […]