Надал поразен на АТП турнирот во Вашингтон


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) на својот прв АТП турнир по враќањето од двомесечната пауза претрпе елиминација во Вашингтон, откако поуспешен од него во третото коло беше моментно 50-рангираниот играч во светот Лојд Харис од Јужна Африка со 6:4, 1:6, 6:4. Надал немаше настап до турнирот во Вашингтон од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос […]

ОИ: Американските одбојкарки надмоќни во полуфиналниот дуел со Србија


Женската одбојкарска репрезентација на САД избори пласман во финалето на Олимписките игри во Токио совладувајќи го актуелниот светски првак Србија со убедливи 3:0 во сетови (25:19, 25:15, 25:23). Полуфиналната пресметка во Токио беше „реприза“ од полуфиналето од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, кога Србија со 3:2 го совлада Американките. САД овој пат се реваншираа и со триумфот […]

Полјакот Томала е последен олимписки победник во трка на 50 километри брзо одење


Полјакот Давид Томала (31) ја освои олимписката титула во брзо одење на 50 километри во трката одржана утрово во Сапоро, на островот Хокаидо. За Томала ова беше само втора негова трка во оваа дусциплина на која неодамна се префрли од 20 километри со образложение дека „бара нов предизвик‘. Полјакот дојде до златниот олимписки медал со 36 секунди […]

ОИ: Нуров поразен во четвртфиналната борба


Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров загуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио и драстично ги намали шансите за освојување медал во категоријата 97 килограми слободен стил. Нуров, кој беше последниот седми македонски спортист со настап на Олимписките игри, денеска рано наутро во првата осминафинална борба го совлада Тунижанецот Мохамед Садуи со 5:0. Во четвртфиналето македонскиот борач по […]

Крај на една ера: Меси ја напушти Барселона


Шпанија– Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона ја шокираше вечерва фудбалската јавност потврдувајќи дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси (34) заминува од каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја клупска кариера. Иако неодамна Барселона и капитенот Меси начелно се согласија за продолжување на соработката, нов договор не е потпишан поради, како што […]

Трагедија во Португалија – загина синот на германската фудбалска легенда Михаел Балак


Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон. Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, […]

Интервју со Анета Павловска, тениски судија: Ми се оствари сонот да судам на Олимпијада


Тенисот ми го отвори светот и ме научи да си ја ценам слободата повеќе од се затоа што слободниот човек е среќен човек, вели Анета Павловска, која беше прва Македонка на летна Олимпијада како тениски судија   Мирче Јовановски Олимписките игри во Токио влегуваат во самиот финиш, со изобилство спортски возбудувања кои ги донесе до […]

Парчмент од Јамајка победник на трката на 110 метри со пречки


Ханзел Парчмент од Јамајка го освои златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Јамајчанецот утрово патеката ја мина со време 13,04 секунди, пет стотинки подобро од Американецот Грант Холовеј кој важеше за голем фаворит. Радоста на Јамајка ја надополни Роналд Леви освојувајќи бронзен медал со време 13,10 секунди.

Русија ќе игра во одбојкарското финале на Олимпијадата во Токио


Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1. Бразилците добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:18, но потоа Русите стапија на сцена и ги добија следните три сета со 25:21, 26:24 и 25:23. Противник на Русија во финале ќе […]

За прв пат исти натпреварувачи на две Олимпијади освоија идентични медали во индивидуален спорт


За прв пат во историјата на Олимписките игри, на победничкиот подиум се искачија исти натпреварувачи како на претходната Олимпијада. Тоа се случи утрово во Токио, во фрлање ѓуле кај мажите. Американецот Рајан Краузер го освои златото, неговиот сонародник Џо Ковач освои сребро, додека Томас Волш од Нов Зеланд стигна до бронзата. Точно истиот подиум, по […]

САД први финалисти на олимпискиот кошаркарски турнир


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави се првите финалисти на Олимпијадата во Токио. Американците утрово ја совладаа Австралија со 97:78. Кевин Дурант со 23 и Девин Букер со 20 поени се најзаслужни за триумфот на „дрим тимот“. Во второто полуфинале попладне од 13 часот се среќаваат Франција и Словенија.

Токио 2020: Јованоска нe ги помина квалификациите во кати


Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното  место во својот дебитантски настап во кати на Олимписките игри. Македонката ноќеска настапи во првата квалификациска група и освои 23.80 и 24 поени, односно оствари просек од 23.90, недоволно да се квалификува во следната рунда. На крајот Јовановска беше последна, петта во својата група или вкупно деветта од […]

Ериксен првпат по срцевиот удар на тренинг на Интер


Италија– Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен денеска присуствваше на тренингот на италијанскиот шампион Интер првпат откако 29-годишниот фудбалер доживеа срцев удар за време на ЕУРО2020. Италијанскиот клуб на својот официјален сајт објави дека Ериксен се наоѓа во „одлична психофизичка форма“. Ериксен на 12 јуни доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска во рамки на групната фаза […]

ОИ: Француските кошаркарки преку Шпанија во полуфинале


Франција ја совлада попладнево Шпанија со 67:64 и обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во женска конкуренција. Во победничкиот тим најдобар ефект имаа Марин Жоанес со 18 и Габи Вилијамс со 11 поени. Противник на Франција во полуфиналето в петок ќе биде домаќинот Јапонија, додека истиот ден во првото полуфинале на програмата ќе […]

Злато за Де Грас на трката на 200 метри


Канаѓанецот Андре Де Грас е победник на спринтерската трка на 200 метри на Олимписките игри во Токио. Тој беше пред сите со време од 19,62 секунди, што е и негов личен рекорд. Среброто го освои Американецот Кенет Беднарек со 19,68, а бронзата му припадна на Американецот Ноа Лајс. За потсетување, Де грас во трката на […]

Белоруската спринтерка го напушти Токио и замина за Виена, откако одби да си оди дома


Кристина Циманоскаја требаше да замине за Варшава, но во последен момент била префрлена на лет за Виена, поради загриженоста за нејзината приватност и безбедност, откако веста стана јавна и новинарите резервираа места за летот   Белоруската спринтерка Кристина Циманоскаја го напушти Токио со авион во средата, помалку од 72 часа откако ги одби наредбите на […]

Полјаците протерани од Загреб, по тепачката со Бед блу бојс, нема да го следат натпреварот


Навивачката група на Динамо Загреб, Бед Блу Бојс синоќа се судри со ултрашите на полска Легија во хрватскиот главен град. Улиците на Загреб личеа на воено поле, бидејќи се фрлаа факели, пепелјари, столици, шишиња, камења, а демолирани беа неколку ресторани и кафулиња. Навивачите беа вооружени со палки, а интервенираше и полицијата. Bad Blue Boys (Dinamo […]

Ла Лига продаде 10 отсто од акциите за 2,7 милијарди евра


Раководството на Ла Лига соопшти дека постигнала начелен договор со инвестицискиот фонд ЦВЦ за продажба на својот удел во лигата. Договорот ќе создаде нова компанија која ќе има малцински удел од 10 проценти. За ова, фондот ќе плати 2,7 милијарди евра, кои ќе одат за развој на Ла Лига. Како дел од трансакцијата, вредноста на […]

Како да се мерат резултатите на трансродовите спортисти во Токио?


Новозеландската кревачка на тегови Лорел Хабард ќе стане првата отворено трансродoва жена која настапила на Олимпијадата кога ќе се појави на подиумот во женска супертешка категорија (87+ кг) на игрите во Токио во понеделник. Вклучувањето на Хабард по промената во 2013 година поттикнува жестока глобална дебата за тоа дали на транс жените треба да им […]

Одбојкарките на Србија во полуфинале со САД на Олимписките игри


Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Србинките претпладнево во четвртфиналето со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21 ја совладаа Италија. Ова е десетто полуфинале на српската репрезентација на големите натпреварувања (ОИ, ЕП и Мундијали). Противник на Србија во следната рунда ќе биде селекцијата на САД. Во другото […]