(Видео) Славеа навивачи во Холандија, падна трибината


На натпревар меѓу НЕЦ и Витезе се сруши трибината додека гостинските навивачи славеа победа.

Видена е неверојатна сцена, за среќа – никој не настрадал.

Витезе како гостин го победи НЕЦ и во Ниеменген 1:0 и по натпреварот играчите славеле со навивачите.

навивачите пееја и скокаа и одеднаш падна трибината.

Никој не е повреден, што е најважно.