Приведен сопругот на убиената атлетичарка Тироп

Кениската полиција го приведе денеска сопругот на кениската атлетичарка на долги патеки Агнес Тироп (25), која претходно оваа недела беше пронајдена избодена до смрт со нож во својот дом.

Полицијата соопшти дека Ибрахим Родич, сопруг на убиената Тироп, бил лишен од слобода во градот Момбаси во обид да ја напушти земјата.

– Сè уште трае истрагата пред да биде донесена одлука за евентуално подигање обвинение, изјави шефот на локалната полиција Давид Кахинга.

Тироп, која беше убиена две недели пред нејзиниот 26. роденден, ја освои титулата светски првак во крос во 2015 година, а беше бронзена на трките на 10.000 метри на светските првенства во 2017 и 2019 година.

На летните Олимписки игри во Токио го освои четвртото место на 5.000 метри.

Со време од 30,01 минути Тироп го држи светскиот рекорд во улична трка на 10 километри во женска конкуренција