Ботас победник на трката за Големата награда на Турција

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, е победник на денешната трка во Истанбул возена за Големата награда на Турција.

Второто место го зазеде пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, а првата тројка ја комплетира вториот возач на италијанскиот тим, Серхио Перез.

Бодови денес освоија и: Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Ленс Строл и Естебан Окон.

На шест трки до крајот на светскиот шампионат, лидер е Верстапен со 262,5 бода, пред бранителот на трофејот, Хамилтон со 256,5.