Роналдо со рекорден, десетти хет-трик во репрезентативниот дрес

Португалија– Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо постави нов светски рекорд во репрезентативниот дрес.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, синоќа во триумфот над Луксембург со 5:0, три пати се запиша во листата на стрелците. Ова е рекорден, 10. хет-трик за Роналдо кога настапува за репрезентацијата.

Португалија е втора во А-групата од квалификациите за Светското првенство 2022, со 16 бода, зад лидерот Србија која има 17, но и натпревар повеќе. Следуваат Луксембург со 6 бода, Ирска со 5 и Азербејџан со 1.

Директен пласман на Мундијалот во Катар ќе обезбеди првопласираната селекција, додека второто место носи учество во баражот.