Трикратен првак на светот пронајден мртов


Кенискиот атлетичар Хозе Мвок Мачарињаг (35), инаку трикратен светски шампион во крос, пронајден е мртов.

Како што се наведува, тој е пронајден обесен во семејниот дом.

Мачарињаг беше специјалист на 10.000 метри и крос, учествуваше на пет светски првенства на кои зеде злато во екипна конкуренција во 2006, 2007 и 2008 година.

Атлетичарот не се натпреварува уште од 2012 година, но од Атлетскиот сојуз на Кенија истакнаа дека се подготвувал за големо враќање и дека почнал да тренира минатата година.