Милевски и Ристовски се надеваат на успех против Германија


Фото: Б, Грданоски

На денешната пресконференција која беше оддржана пред утрешната пресметка во Скопје против селекцијата на Германија која е лидер во нашата група, селекторот Благоја Милевски ги истакна своите очекувања.

Присутен на прес-конференцијата пред новинарите беше присутен и репрезентативецот Стефан Ристовски.

„Веруваме во својот квалитет и сметам дека можеме да бидеме конкурентни против Германија, но и со останатите репрезентации во Европа. Пристапот кој го има Германија во однос на оној во Дуизбург е сега различен. Како сите, така и Германија има свои слаби точки, па ќе се обидеме да го искористиме тоа. На нас е да го дадеме максимумот на оваа средба и да се надеваме на добар резултат“, порача Благоја Милевски.

На пресот пред натпреварот со Германија, се осврна и Стефан Ристовски:

„Германија е врв на светскиот фудбал и треба да бидеме добро дисциплинирани на оваа средба. За мене секој натпревар е ново искуство. Европското ни беше од огромно значење. Против Германија мора да бидеме внимателни, бидејки такви репрезентации не ви простуваат грешка. Спортски е да се надеваме повторно на добар резултат. Германија е за мене најголемата репрезентација во светот“, порача Ристовски./sportclub