Почина ракометарката Јулија Николиќ


Од засега непознати причини почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ (порано Потјанко), што ја остави македонија во шок.

Јулија Николиќ во 2003 година пристигна во Кометал Ѓорче Петров и шест години настапуваше за тимот кој доминираше во македонскиот женски ракомет. Потоа играше и за Ушкудр, Арвор и Звезда Звенигород, за во 2013 година повторно да се врати во Македонија и последните две сезони во кариерата да ги помине во редовите на ЖРК Вардар.

Николиќ доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за репрезентацијата на Македонија, а последен нејзин настап за националниот тим беше на ЕП во 2012 година.

Ќе биде запаметена како голем играч, уште поголем човек.