У21: Прва победа на македонските фудбалери во евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги задржа шансите за пласман на ЕУРО2023, откако попладнево триумфираше над Ерменија во Ереван со 2:1 (1:0) и ја забележа првата победа во квалификациската група Х.

Триумфот на „црвено – жолтите“ го навести Марко Ѓоргиевски со водечкиот гол во 25 минута, а предноста ја удвои Методи Максимов во 84 минута.

До крајот на натпреварот Ерменија успеа да постигна само почесен гол во завршните минути преку Нарек Григорјан.

Македонската репрезентација по четири одиграни натпревари е четвртопласирана во пет бодови, а следен противник на избраниците на Драган Канатларовски е Украина на 11 ноември во Скопје.