Повеќе од 450 учесници на трката „Трчај бе“ во Битола


 Повеќе од 450 учесници, рекреативци и спортисти зедоа учество на се попопуларната трка низ улиците на Битола – „Трчај бе“.

На патеката чиј старт беше кај Градскиот часовник на Широк сокак, а се трчаше и по булеварот 1-ви Мај, „Васко Карангелески“ и на други денеска затворени сообраќајници, учествуваа 189 жени и 246 мажи.

-Сите што беа на стартот на трката се годинешни победници и затоа нашето мото годинава е „И ти си победник“. Спортскиот настан беше долгоочекуван, одлично организиран и одлично заврши, истакна Никола Димитровски, прв човек на организацискиот тим на „Трчај бе“.

Во женска конкуренција најбрза беше Милена Чкрипеска, а во машка конкуренција прв на целта пристигна Пепи Анакиев, но организаторот додели и други награди и признанија за учесниците на третиот по ред спортско-рекреативен настан во Битола – „Трчај бе“.