Чеферин: Не би ми пречело ако Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат Лигата на шампионите


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, зборуваше за тоа како ќе реагира доколку Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбијат да учествуваат во Лигата на шампионите.

– Не би ми пречело да ја напуштат Лигата на шампионите. Многу е смешно што сакаат да создадат нов турнир, но во исто време сакаат да играат во Лигата на шампионите оваа сезона. Овие клубови имаат само неспособни водачи. Овие момци (Флорентино Перез, Жоан Лапорта и Андреа Ањели) се обидоа да го убијат фудбалот, изјави Чеферин.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус претходно ја објавија својата посветеност на идејата за европска Суперлига. Останатите клубови кои првично учествуваа во проектот најавија повлекување од него.