Буфон: Сакам да докажам дека се уште сум одличен голман


Новото засилување на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон денеска беше официјално претставен на прес-конференција на која 40-годишниот италијански првтпат гоовoреше како играч на францускиот тим. – Внатре во мене почувствував дека имам што уште да дадам. Оваа нова авантура може да ми помогне да пораснам како личност и како играч. Лигата на Шампионите не е […]

СП 2018: Марадона: Во полуфиналето на Мундијалот се „тимови од мигранти“


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во свој стил продолжи да го анализира Мундијалот 2018. Дон Диего ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“. – Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на Светското се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со […]

Валдано до Роналдо: Да го напуштиш Реал не е паметно решение


Поранешниот напаѓач, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го прокоментира евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Светскиот шампион од 1986 година, смета дека голгетерот ќе направи грешка ако го напушти „Сантијаго Бернабеу“. – Да го напуштиш Реал Мадрид не е паметно решение. Мислам дека Кристијано е многу паметно момче, но ако […]

СП 2018:Познати 12-те кандидати за главен судија во финалето


Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави 12 кандидати за главен судија во финалето на Мундијалот во Русија. Кој ќе ја дели правдата во мечот за трофејот ќе се знае по одигрувањето на двете полуфинални средби. Претенденти за главен арбитер во финалето на Мундијалот се: Алиреза Фагани (Иран), Маланг Диед (Сенегал), Марк Гајгер (САД), Цезар Артуро […]

Османи: Посакувам победа без примен гол


Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, во пресрет на утрешниот дуел со ТНС во 1.коло од квалификациите во Лигата на шампионите, посака триумф без примен гол. -Подготвени го дочекуваме натпреварот и оптимист сум според прикажаното во подготвителниот период на тренинзите и на контролните натпревари. Не очекува меч со противник кој има доста искуство во евро-куповите и […]

Фетел го престигна Хамилтон


Германецот Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 на патеката во Силверстоун и го зголеми водството во генералниот пласман. Фетел победи пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. кој во првите километри имаше судир со Кими Раиконен, кој го однесе на последното место по првиот круг, […]

Нејмар разочаран: Ова ми е најтажниот момент во кариерата


Ѕвездата на Бразил, Нејмар напиша на својот профил во Инстаграм дека е многу разочаран што неговата репрезентација е елиминирана на Светското првенство во фудбал во Русија. „Ова е најтажниот момент во мојата кариера. Болката е многу голема, бидејќи знаевме дека можеме да одиме подалеку и да напишеме историја. Но, не овој пат. Тешко ќе најдам […]

Путин: Нашите играчи се херои


Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја“ како „херои“. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш“ во Сочи.  – За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков. Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри […]

Хрватска – последен полуфиналист на Мундијалот во Русија


Хрватска е последниот полуфиналист на Светското фудбалско првенство во Русија, покрај Англија, Франција и Белгија. Хрватската репрезентација вечерва извојува победа на пенали над домаќинот Русија – со три спрема два. Последниот натпревар од четвртфиналето од трибините го следеа зеадно хрватската претседателка Колинда Грабар Китарович и премиерот на Русија Димитриј Медведев. Хрватите и Русите игра на […]

По 28 години, Англија се врати во полуфинале на СП


  Самара – По 28 години пауза, Англија повторно ќе игра во полуфинале на Светското првенство. „Трите лава“ успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Шведска со 2:0 и се пласираа во битката за медали на СП 2018. Погодоците  ги постигнаа Хари Мегваер  и Деле Али . Повторно, големиот адут на англискиот тренер Гарет Саутгејт беа […]

Буфон и официјално нов голман на ПСЖ


Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон и официјално е нов голман на ПСЖ, објави францускиот клуб. Буфон со ПСЖ денеска потпиша едногодишен договор со клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година, доколку бидат задоволни и двете страни. Тој минатата сезона го напушти Јувентус, иако италијанскиот клуб му понуди ангажман, и одлучи кариерата да […]

Шваjцарија размислува за репрезентација без двојни државјанства


Однесувањето на швајцарските фудбалски репрезентативци од албанско потекло Ѓердан Шаќири и Гранит Џака на Светкото првенство во Русија, предизвика дебата во швајцарската јавност за играчите со двојни државјанства, а во Фудбалската федерација на Швајцарија размислуваат во иднина оние кои ќе играат за репрезентацијата да мора да се откажат од другиот пасош. Швајцарските медиуми наведуваат дека […]

СП 2018: Франција преку Ургвај до полуфинале


Франција обезбеди пласман во полуфиналето, откако го совлада Ургвај со 2:0 во натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Русија. По изедначено прво полувреме, Франција во 40-та минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше Рафаел Варан, кој погоди со глава откако претходно Антоан Гризман изведе слободен удар. Антоан Гризман во вториот дел ја […]

Буфон в понеделник ќе биде претставен во ПСЖ


Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, в понеделник на 9 јули ќе потпише договор и официјално ќе биде претставен како нов член на ПСЖ, објави престижниот француски спортски весник „Л’Екип“. Францускиот клуб постигнал договор со 40-годишниот италијански голман, но остануваат да се дефинираат некои поситни детали. Италијанските медиуми објавија дека Буфон веќе се наоѓа во […]

СП 2018: Марадона и се извини на ФИФА


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона и се извини на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино поради критиките, кои ги изнесе на сметка на судијата по натпреварот меѓу Англија и Колумбија. Тој изјави дека Колумбија е ограбена и оштетена во натпреварот од осминафиналето во кој Англија славеше по пенал серијата. – Како навивач на Колумбија понесен […]

Грабар-Китаровиќ патува на фудбал во Русија со комерцијален лет и без дневници


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ утре ќе отпатува во Сочи каде што ќе го следи четврфиналниот меч од Светското првенство во фудбал меѓу Русија и Хрватска (сабота, 20 часот). Таа вели дека ќе мора да се појави во ВИП-ложата на стадионот, иако повеќе би сакала да биде обичен навивач.ж „Сепак, би било навредливо кон домаќинот доколку […]

Ѓоковиќ за повредата: Направив лошо движење, не изгледа страшно


Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хорацио Себаљос со 6:2, 6:1, 6:3 и се пласираше во третиот круг на „Вимблдон“. На средина на третиот сет, Ѓоковиќ имаше проблеми во левата нога. Тој побара лекарска консултација. – Направив лош потег и тоа имаше ефект на коленото. Не изгледа како нешто страшно, ќе видиме како ќе […]

Со петиција се бара преигрување на дуелот Англија – Колумбија, 200 000 веќе ја потпишаа


Репрезентацијата на Англија ја постигна најголемата победа на светските првенства од 1990 година наваму, откако ја елиминира Колумбија по изведувањето на пенали во осминафиналето. Колумбиските фанови сепак се активираат во татковината и подготвиле петиција за преигрување на дуелот, потпишана од речиси 200 000 луѓе. Желбата е ФИФА да направи преседан поради ферплеј, бидејќи „лос кафетерос“ […]

Капитенот на Шведска ќе го пропушти раѓањето на своето дете за да игра против Англија


Капитенот на репрезентацијата на Шведска, Андреас Гранквист ќе го пропушти раѓањето на детето, за да игра в сабота против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Сопругата на дефанзивецот требаше да се породи со второто дете во вторникот, еден ден по победата на Шведска над Швајцарија со 1:0 во осминафиналето. Триесет и тригодишниот Гранквист […]

Чилиќ и Вавринка ги завршија настапите на Вимблдон


Нова сензација на овогодинешниот Вимблдон е факт. Минатогодишниот финалист, Марин Чилиќ (број три) отпадна од турнирот во Лондон откако дозволи пресврт против Гвидо Пеја и изгуби со 6:3, 6:1, 4:6, 6:7 (3), 5:7. Средбата започна вчера, но беше прекината поради дождот во Лондон и беше доиграна денеска. Аргентински тенисер до оваа година го немаше поминато […]