Формула 1: Фетел ја освои Канада


Германецот Себастијан Фетел е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Жил Вилнев“ за Големата награда на Канада. Пилотот на Ферари на најдобар можен начин ја искористи пол-позицијата што ја имаше пред почетокот на трката и на својот тим му го донесе првиот триумф во Монтреал по пауза од 14 […]

Надал по 11. пат го освои Ролан Гарос


Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал е победник на годинашното издание на Грен слемот во Париз. Тој попладнево на терените на „Ролан Гарос“ во финалето го победи Доминик Тим со убедливи 3-0. На Шпанецот му беа потребни два часа и 44 минути игра да стигне до 11.трофеј на престижниот турнир во француската престолнина. Надал уште еднаш […]

Српска делегација на погребот на Фадиљ Вокри во Приштина


Легендата на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри, кој почина вчера од срцев удар на 58-годишна возраст, ќе биде погребан денеска со високи државни почести, а меѓу оние кои ќе присуствуаат на погребот во Приштина ќе има и делегација од Србија. За оддавање почест на некогашната фудбалска ѕвезда на Приштина, белградски Партизан и на тогашната репрезентација на […]

„Срамен ден за боксот“: Гостиварецот Сефери се откажа пред Фјури


Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се врати на рингот со убедлива победа по 2,5 години отсуство. Тој успеа да го победи гостиварецот Сефер Сефери за време на спектакуларна гала вечер во неговиот роден Манчестер. Средбата, според планот, требаше да трае 10 рунди, но по првите четири, Сефери се откажа и на крајот […]

Меси не го вклучи Роналдо на листата на најдобрите играчи на СП


Најголемата аргентинска фудбалска ѕвезда Лионел Меси, не го вклучи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, на листата на најдобрите играчи на Светското првенство 2018 година. – Бразил ги има Нејмар и Филип Кутињо. Шпанија ги има Андрес Иниеста и Дејвид Силва. Германија нема играчи-ѕвезди, но сите тие се силни. Белгија може да смета на Еден Азар […]

Помалиот брат на Карачиќ ќе брани за Хајдук


По заминувањето на Данте Стипица во ЦСК „Софија“ останува празна голманската позиција на „Хајдук“. Како што пишуваат хрватски „24 сата“, белите покажале интерес за Горан Карачиќ, помлад брат на Игор Карачиќ, среден бек на нашиот ракометен шампион „Вардар“. Горан е голман на германскиот „Сандхаузен“ и најдобар голман на босанско-херцеговското првенство во 2016 година. Инаку, од […]

Роналдо и соиграчите пристигнаа во Русија


Репрезентацијата на Португалија денеска пристигна во Москва, главниот град на Русија каде за пет дена почнува Светското фудбалско првенство. Предводени од најголемата ѕвезда во своите редови, португалските фудбалери слетаа на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва. Актуелните европските првенства на Мундијалот се во Б-групата каде што ќе играат против Шпанија (15 јуни), Мароко (20 јуни) […]

Халеп го освои „Ролан Гарос“


Најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп е победничка на Грен слемот во Париз. Таа попладнево по голема борба во три сета ја победи Американката Слоан Стивенс со 2-1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1. Мечот траеше 2 часа 4 минути. За 26-годишната романската тенисерка Симона Халеп ова беше прв триумф на еден Грен слем. Таа по четврти […]

Нејмар сака Реал да го почека една година


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар побарал Реал Мадрид да го почека една година, бидејќи сака да се пресели во Мадрид, но не и да ги остави парижаните на цедило во сезоната што следува. Тој, според изворот „Ас“, им кажал на претставниците на „Кралскиот клуб“ дека се согласува да премине во Мадрид, но после една година бидејќи планира […]

Почина претседателот на Фудбалската федерација на Косово


Фадиљ Вокри, претседателот на Косовската фудбалска федерација, почина на возраст од 57 години од срцев удар. Токму во негово време, пред две години, Косово влезе во УЕФА и ФИФА. Како што објавија медиумите од Косово, Вокри умрел во 9 часот и 30 минути за време на тренинг. Познатиот напаѓач е роден на 23 јуни 1960 […]

Матија Перин нов голман на Јувентус


Италијанскиот голман Матија Перин е новиот член на Јувентус со кого потпиша договор до 2022 година. За трансферот на досегашниот голман на Џенова, актуелниот италијански шампион ќе треба да издвои 15 милиони евра. – Не можев да го одбијам Јувентус. Ваква понуда се добива еднаш во животот. Подготвен сум и мислам дека во вистински период […]

Надал против Тим во финалето на „Ролан Гарос“


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во своето 11-то финале на „Ролан Гарос“. Надал во полуфиналето по два часа и 17 минути игра го совлада во три сетови аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро. Шпанскиот тенисер полесно од очекувањата извојува убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:4, 6:1, 6:2. Надал во финалето ќе соочи […]

Кејн останува во Тотенхем до 2024 годин


Тотенхем потпиша нов шестгодишен договор со својот најдобар стрелец, Хари Кејн, кој ќе остане во лондонскиот клуб до 2024 година. Според договорот, 24-годишниот фудбалер ќе заработува по 200.000 фунти неделно, односно годишната плата ќе му биде околу 15 милиони фунти. Кејн минатата сезона постигна 41 гол на 48 натпревари.

Доминик Тим стигна до првото финале на „Ролан Гарос“


Австрискиот тенисер Доминик Тим за првпат се пласираше во финалето на „Ролан Гарос“, што воедно претставува најголем успех во неговата кариера. Тим со 3:0 во сетови за два часа и 20 минути го совлада италијанскиот тенисер Марко Чекинато. Австрискиот тенисер по поразите од Новак Ѓоковиќ во 2016 година и од Рафаел Надал во 2017 година […]

Астори не починал во сон и можел да биде спасен


Капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина сам во хотелската соба на четврти март, пред натпреварот против Удинезе во Серија А, доколку имал цимер ќе можело да реагира и да му го спаси животот. Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, повикувајќи се на нови детали од обдукцијата, објави дека 31-годишниот фудбалер починал од тахикардија, односно забрзана […]

Рома постигна договор со Ајакс за Џастин Клајверт


Фудбалскиот клуб Рома постигна договор со холандски Ајакс за трансферот на фудбалерот Џастин Клајверт, објавија италијанските медиуми. Рома ќе му плати 18 милиони евра на Ајакс за неговиот трансфер, а 19-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб. Клајверт имаше одлична сезона, при што одигра 44 натпревари на кои постигна 12 голови и девет […]

Перо Антиќ казнет со 660 евра поради своето однесување на мечот со ФМП


Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ поради приговор кон судиите и исклучувањето, кое го доби на вчерашниот меч против ФМП, ќе мора да плати казна од 78.000 динари (околу 660 евра), пренесоа српските медиуми. „Црвено-белите“ поведоа во финалната серија на српскиот шампионат против ФМП, откако синоќа победија со 84:83. Антиќ доби две технички грешки и […]

Роналдо: Знам дека не сме фаворити на Светското првенство


Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека треба да се има реален пристап и според негово мислење тие не се наоѓаат меѓу фаворитите за освојување на трофејот на Светското првенство во фудбал. – Знам дека не сме фаворити. Треба да бидеме реални, но во фудбалот ништо не е невозможно. Сметам дека треба да одиме […]

Телевизиска компанија бара Аргентина да биде исфрлена од Мундијалот


Компанијата „Комтек“, која ги откупи правата за пренос на подоцна откажаниот пријателски натпревар меѓу Аргентина и Израел, упати жалба до ФИФА заради како што наведуваат „верска дискриминација“ и бараат аргентинската репрезентација да биде исклучена од Светското првенство во Русија. Како што објави шпанскиот весник „Марка“ за натпреварот биле продадени над 45 илјади билети, а компанијата […]

Пеле: Загрижен сум, не функционираме како тим


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Едсон Арантес до Насименто попознат како Пеле, изјави дека бразилската репрезентација има врвни индивидуалци, но дека не функционира најдобро на тимско ниво. – Имам целосна доверба во бразилскиот селектор, но загрижен сум како се приближува Светското првенство, а ние се уште немаме добар тим. Индивидуално сме многу […]