Фото/Видео: Веселиот Вида слави: „Кафана је моја судбина“


Одбранбениот фудбалер на хрватската фудбалска репрезентација, Домагој Вида продолжува да им создава проблеми на своите претпоставени. По победата над Русија и пласманот во полуфиналето од Светското првенство, се појави нова снимка, на која се гледа како заедно со тренерот на репрезентацијата, Ивица Олиќ со пиво наздравуваат и пеат: „Кафана је моја судбина“. Песната им ја посветија на пријателите во Украина, како и на кафеаната „Белград“ во Киев, каде поминувале голем дел од слободното време во Украина додека играа за Динамо.

Претходно, Вида и скаутот Огнен Вукоевиќ предизвикаа скандал откако победата против Русија ја посветија на Украина и на Динамо Киев, извикувајќи „Слава на Украина“. Се налутија домаќините, ФИФА му испрати предупредување на Вида, а Вукоевиќ го казни со 13.000 евра затоа што вмешуваат политика со спорт. Хрватскиот фудбалски сојуз се извини за инцидентот и му даде отказ на Вукоевиќ. Вида реќе дека не мислел ништо лошо и оти само се шегувал.

Натпреварот против Англија на програмата е утре во 20 часот во Москва.