Мендеш: Роналдо ќе ја заврши кариерата во Јувентус


Италијанскиот шампион Јувентус ќе биде последниот тим во кариерата на големата ѕвезда Кристијано Роналдо. Ова го објави агентот на фудбалерот, Жорже Мендеш, кој одигра важна улога во реализацијата на договорот на векот за „бјанконерите“.
Европскиот клубски шампион Реал Мадрид вчера ја објави разделбата со освојувачот на „Златната топка“, за кого Јуве плати сума од 105 милиони евра.
– Многу сум среќен за Кристијано. Јувентус ќе биде неговиот последен клуб. Многу сум среќен во врска со неговата одлука. Во овој клуб тој ќе ја заврши одличната кариера. Му благодарам на Андреа Ањели за неговата голема желба во преговорите со Реал Мадрид. Му се заблагодарувам и на Марота за неговиот професионализам, рече Мендеш.